ЦЕВ ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО 2021

Одбојкарите поразени и од Шпанија

Четврти пораз за македонската одбојкарска репрезентација откако попладнево со 3:1 падна пред Шпанија.

На Македонија не ѝ оди на второто Европско првенство. Откако загубивме од Финска, Холандија и Турција, сега пораз запишавме и против Шпанија против која со право се очекуваше позитивен резултат.

Првиот сет беше многу неизвесен, се играше поен за поен со малку отстапки во водство, а Македонците водеа 18:17 кога Шпанците направија пресврт и со 25:23 поведоа со 1:0.

Слично беше и во вториот сет, овој пат Шпанија водеше сѐ до 10:9 кога нашите направија пресврт, водство кое го задржаа до крајот и израмнија на 1:1 победувајќи со 25:21.

Третот сет веројатно беше и највозбудлив бидејќи се играше на продолжение, а нажалост на крајот го доби Шпанија со 30:28.

Во четвртиот сет концентрацијата веќе попушти, па Шпанците го добија убедливо со 25:15 за нивна прва победа на овој континентален собир.

Македонија е веќе отпишана и ќе се пакува за враќање дома веднаш по задутрешниот последен натпревар против Русија кој се игра од 16 часот.

Останатите натпревари од 5. коло во нашата група се играат денес и утре.

Табела:

  1. Турција 9 (9:2)
  2. Холандија 7 (8:3)
  3. Финска 6 (7:4)
  4. Русија 5 (7:6)
  5. Шпанија 3 (4:10)
  6. Македонија 0 (2:12)
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе