1.МФЛ 2021/22

Одреден распоредот за новата сезона во фудбалската лига

Филип Здравески
/ 26.07.2021 / 14:44

Денеска во просториите на ФФМ со жрепка беше одреден распоредот за новата натпреварувачка сезона во најдобрата македонска фудбалска лига.

Архивска фотографија од поранешна жрепка; Фото: Филип Здравески

Почетокот на сезоната е закажан за викендот 7 и 8 август од 17:30 часот. И оваа сезона македонската Прва лига ќе брои 12 екипи меѓу кои три се нови кои преку второлигашката конкуренција изборија пласмна во елитата. Тоа се Брегалница како победник на 2.МФЛ Исток, Скопје како победник на 2.МФЛ Запад и Тиквеш кој во баражот го изненади Силекс.

Жрепката одлучи во 1. коло да се сретнат:
Академија Пандев - Струга
Работнички - Борец
Тиквеш - Шкендија
Ренова - Скопје
Брегалница - Шкупи
Македонија - Пелистер


Оваа сезона за најголеми кандидати за пехарот се актуелниот шампшион Шкендија и тимот на Шкупи. Тие прва меѓусебна пресметка ќе имаат во 6. коло и тоа во Тетово.

Бидејќи форматот е ист како и минатата сезона, тоа значи дека денешната жрепка ги одреди паровите за две третини од календарот, односно заклучно со 22. коло, додека од 23. до последното 33. коло паровите ќе бидат одредени по коплетирањето на 22. коло и согласно пласманот на табелата. Сезоната треба да заврши на 15 мај 2021.

Бидејќи Вардар за прв пат во својата историја ќе игра во втората лига, ќе се прекине и една традиција која траеше од сезоната 1998/99. Оттогаш непрекинато Вардар и Работнички го играа Дербито на Скопје, најстарото ривалство во фудбалска Македонија кое датира од 1947 година. 

Со оглед на тоа што дозволено е присуство на публика на стадионите, се очекува вистински фудбалски спектакл во Кавадарци и Штип каде новите прволигаши во 1. коло ги пречекуваат фаворитите Шкендија и Шкупи. Кавадарчани после цели 16 години ќе гледаат прволигашки фудбал, додека амбициозните Штипјани после 4 години.

Целосниот распоред можете да го погледнете тука.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе