Вакцината која е развиена на Универзитетот Оксфорд доби зелено светло за употреба во Велика Британија.
Владата на Велика Британија нарача 100 милиони дози од оваа вакцина која ја произведува компанијата AstaZeneca, со што ќе биде доволно да се вакцинираат 50 милиони луѓе, пренесува BBC.
Одобрувањето го издаде здравствената регулаторна агенција и изјавија дека вакцината е безбедна и ефикасна.
Оваа вакцина е направена на почетокот на годината, првите тестови на доброволци се започнати во април и во клиничкото тестирање учествуваа повеќе од илјада луѓе.