Олд Трафорд ќе замине во историјата

Макфакс/Кајгана
/ 26.12.2023 / 14:14

Британскиот милијардер Сер Џим Ретклиф стана сопственик на 25% од Манчестер јунајтед. За влез во клубот издвои 1,3 милијарди фунти и планира огромни инвестиции со оглед на тоа што е задолжен за спортскиот сегмент на клубот. Меѓу плановите е и уривање на „Олд Трафорд“ и изградба на нов стадион.

Еден од најбогатите луѓе во Обединетото Кралство е подготвен да вложи дури 2 милијарди фунти во тој проект. Постои опција за реновирање на одредени делови, но многу поизвесно е дека„Театарот на соништата“ наскоро ќе стане руина.

Извршниот директор на архитектонската компанија Populous, Крис Ли, смета дека новиот стадион е најисплатливото решение за Манчестер Јунајтед.

„Не би сакал да го видам урнат 'Олд Трафорд', но чувствувам дека новата верзија на стадионот може да се покаже како најисплатливо решение“, изјави Ли за The Telegraph и продолжи.

„Да, расходите во тој случај се најголеми од сите опции, но има толку многу земја на располагање што Јунајтед не би имал пад на приходите од натпреварите поради градежните работи. Архитектонски, на просторот коj стои на располагање може да се направи нешто навистина иновативно и возбудливо“, истакнува Ли.

„Олд Трафорд“ е дом на Манчестер Јунајтед од 1910 година.

Сер Џејмс Ретклиф е еден од најбогатите луѓе во светот. Според некои проценки, неговото богатство надминува 30 милијарди фунти.

Своето богатство го стекнал во хемиски инженеринг. Компанијата INEOS е позната во целиот свет, а дел од парите што ги заработува се вложуваат во бројни спортски проекти.

Ретклиф моментално е мнозински сопственик на Ница во Франција и Лозана во Швајцарија, инвестираше и во велосипедизмот, еден е од главните спонзори на Формула 1 тимот Мерцедес, а сега си ја исполни долгогодишната желба и влезе во Манчестер Јунајтед.

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе