Онлајн дискусија: Кариерата и образованието во областа на модната и текстилната индустрија

Мрежата Стела денеска од 18 до 19 часот и 30 минути онлајн ќе ја одржи втората информативна средба во рамките на проектот „Поддршка на економско јакнење на девојките и жените во руралните средини“. 

Овојпат, во фокус се кариерата и образованието во областа на модната и текстилната индустрија, а соговорнички ќе бидат Искра Џокиќ-Кецап, Елена Додевска и Амра Исмани. Тие ќе зборуваат за нивната работа, личниот и професионалниот развој, улогата на формалното и неформалното образование, мотивацијата и менторството при градењето на нивните кариери во оваа индустрија. Дополнително, претставник од Министерството за труд и социјална политика ќе ги промовира активните мерки и можности за самовработување и отпочнување бизнис, велат од Мрежата Стела. 

Присутните ќе имаат можност да ги споделат нивните интереси, да дискутираат за пречките и предизвиците со кои се соочуваат девојките и жените во градењето кариера и како локалните заедници може да се вклучат во нивно надминување. Во текот на овие средби, Мрежата Стела ги забележува искуствата и сознанијата за економските потреби и предизвици на жените и девојките во руралните средини, кои потоа ќе бидат споделни со засеганатите страни.

„Дискусија за жени, но не само со жени. Сите заинтересирани се добредојдени!“, порачуваат организаторите и додаваат дека разговорот со соговорничките и публиката ќе се одвива на македонски и албански јазик, а одбирањето на јазик на платформата Zoom ќе биде објаснето пред почетокот на настанот.

„Бидејќи настанот е онлајн, доколку вие или некоја друга личност сакате да учествувате, но немате услови, пишете ни порака на Facebook профилот на Stella и ние ќе се обидеме да ви помогнеме“, објаснуваат од Мрежата Стела во најавата за настанот. 

Настанот е во рамки на проектот „Поддршка на економско јакнење на девојките и жените во руралните средини“ кој е поддржан од Цивика мобилитас, програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.

Елена Додевска

Имајќи постојан конфликт во себе си, Елена Додевска како поддржувач на борбата за климатски промени и воедно вљубеник во модата, прави промена на својот кариерен пат.
После нејзиниот ангажман како менаџер заодржлив развој, Елена сега им помага на Fortune 101 корпорациите да ги променат лошите навики, следејќи ги Глобалните цели на ОН за одржлив развој.

Искра Џокиќ-Кецап

Искра е дизајнерка којa твори во полето на мода, театарски костими и текстилни уметности. Добитничка е на стипендија на истражувачки студии за традиционални јапонски техники на боење и ткаење на материјали на престижниот Tokyo University of the Arts.Оттогаш па наваму, портфолиото вклучува работа во текстилната индустрија низ соработка со eвропски модни брендови, дизајнирање театарски костими, дизајн на облека за домашен моден бренд, промоција на свои креации на Fashion Weekend Skopje, како и сликање и боење на материјали за костими.

Амра Исмани

Оваа приказна започнува со 14-годишна девојка по име Амра, која одбира да се образова и да гради кариера во областа на модниот дизајн. Водена од принципот дека облеката им служи на телата, во 2016 година таа ја создава АРМА, линија на модерна и мултифункционална облека. Таа работи и со приватни клиенти на рачно-изработени парчиња.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Живот

Што после средно?

Read more

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Read more

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Read more

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Read more
 

Магазин

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе