2.МФЛ ИСТОК 2020/21

Осогово сами си го прават филмот: Промоција на дресови како во Калчо

Играат во македонската Втора лига, ама имаат право да сонуваат и ако ништо друго сами да си го направат филмот. Кочанскиот клуб сними спот за презентацијата на гостинските дресови, а кога човек не би знаел за кој клуб се работи, би помислил дека е некој калчолигаш.

Фото: ГФК Осогово Кочани

Уште пред некоја година кога група млади дечки го презедоа управувањето со Осогово, клубот почна да сонува големо. Резултатите сѐ уште не се по планот, клубот мака мачи да стане стабилен второлигаш, но затоа пак кога станува збор за медија делот, доминира на македонската сцена.

Изминативе години Осогово се промовираше како најдобро застапен македонски фудбалски клуб на интернет сцената, засенувајќи ги гигантите Вардар и Шкендија на тој план. Twitter, Instagram, Facebook... ако на зеленениот терен често губат, на социјалните мрежи никој македонски клуб не може да ги победи.

И сега повторно се јавија со нова креација: промотивен спот од снимањето на гостинските дресови. Да не знае човек дека се работи за Осогово, ќе помисли небаре гледа видео од некој италијански калчолигаш.

URL

Инаку, не се работи ни за нови дресови. Ова е гостинската гарнитура на дресови кои клубот ги воведе лани, а и годинава ќе настапува во нив. Тоа не значи дека кочанчани не може да си го направат меракот и да си снимат спот.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе