Освен вакцинираните, во угостителски објекти ќе може да влезат и прележаните од ковид

Освен вакцинираните, во угостителските објекти и на настаните на отворено ќе им биде дозволен влез и на лицата кои прележале COVID-19, објави денеска министерот за здравство Венко Филипче при посетата на Охрид.

Овие лица, како што изјави Филипче, доволно е да поседуваат медицинска потврда дека биле заболени од COVID-19 во рок не подолг од 45 дена.

Министерот нагласи дека новите рестриктивни мерки кои треба да стартуваат од понеделник се во насока на зашита на јавното здравје.

– Верувам дека сите сме свесни, дека граѓаните се свесни оти се работи за мерки во насока на заштита на здравјето. Такви мерки се воведени во сите развиени земји во Европа и во светот. Во принцип за сите важи потребата од приложување сертификат за вакцинација, единствено што е воведено како забрана е огранизирање свадби и веселби во затворен простор, од причина што на такви прослави тешко се спроведуват и запазуваат протоколите за заштита, рече Филипче.

За предвиденото воведување редарски служби од страна на угостителите, Филипче рече дека тие се во насока на заштита на самите угостители. Нагласи дека при воведувањето на мерките е разговарано со сите субјекти  и додаде дека е отворена опцијата за дополнителни консултации за какви било потешкотии или предизвици што би се јавиле при спроведувањерто на новите протоколи и мерки. 

реклама

Македонија

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Read more

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Read more

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Read more

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more
 

Вести

  • filter

Русите жестоко напредуваат, Украинците бесни: Ова е вистинската ситуација на бојното поле, нѐ лажат

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна експлозија во воена база во Камбоџа, загинаа 20 војници

Читај повеќе
  • filter

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Читај повеќе

Милано на чекор да воведе забрана за продажба на храна и пијалаци после полноќ оти туристите ги вознемирувале жителите

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Читај повеќе

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Читај повеќе

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе