Откриена мистериозна фреска: Дали пред 2.000 години во Помпеја се јадело пица?

Археолозите во античкиот римски град Помпеја открија фреска на која е прикажано нешто што би можело да биде претходник на добро познатата италијанска пица.

Парче тесто прикажано на фреска стара 2.000 години „можеби е далечен предок на модерното јадење“, соопшти италијанското Министерство за култура. Фреската е пронајдена во ходникот на куќа до пекара за време на неодамнешните ископувања на локација во Јужна Италија.

Откритието е направено годинава за време на новите ископувања во Регионот IX во центарот на Помпеја, една од деветте области на кои е поделен античкиот локалитет. Зградата била делумно ископана во XIX век пред повторно да започнат ископувањата во јануари годинава, речиси 2.000 години по вулканската ерупција што го проголтала градот.

URL

Археолозите од паркот за светско наследство на УНЕСКО велат дека новооткриената фреска на која е прикажано тестото, насликана покрај пехар со вино, се јадела со овошје како калинки или урми или зачинета со зачини и еден вид песто сос.

Директорот на центарот на Помпеја, Габриел Цухтригел, рече дека го покажува контрастот помеѓу „штедливиот и едноставен оброк“ и „луксузот на сребрените послужавници“.

„Како да не мислиме, во оваа смисла, на пицата, исто така родена како јадење на 'сиромашните' во Јужна Италија, која сега го освои светот и се служи во ресторани со ѕвезди“, вели Цухтригел.

Remote video URL

Во близина на рерната во работните површини од куќата се пронајдени и скелети на три лица, се додава во соопштението на Министерството за култура.

Ерупцијата на Везув во 79 година ја закопала Помпеја во пепел, замрзнувајќи го градот и неговите жители во моментот. Локалитетот е богат извор за археолозите од неговото откривање во XVI век. Локалитетот е на само околу 23 километри од градот Неапол, модерниот дом на италијанската пица под заштита на УНЕСКО.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Вести

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more
 

Гик

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе