Овечкин, најдобриот хокеар на денешницата привремено се повлекува

Ѕвездата на НХЛ и играч на Вашингтон Капиталс, Александр Овечкин, обелодени дека привремено се повлекува од играњето хокеј поради смртта на неговиот татко.

Вашингтон Капиталс објави дека 37-годишното лево крило одредено време нема да му биде на располагање на тимот, а самиот капитен на клубот од главниот американски град со порака на Instagram ѝ се обрати на јавноста.

„Денес го загубив татко ми. Благодарам на сите за поддршката, но ве молам да имате разбирање и да не го вознемирувате моето семејство во овие тешки моменти за нас. Благодарам“, порача Овечкин.

Не е познато колку долго Овечкин ќе отсуствува од мразот, а тренерот на Капиталс, Питер Лавиолет, рече дека не верува дека Овечкин ќе се врати во блиска иднина.

Рускиот хокеар е втор најдобар стрелец во НХЛ со 812 голови, веднаш зад легендарниот Вејн Грецки. Во НХЛ игра од сезоната 2005/2006, а претходно настапуваше за московски Динамо. Во 2018 година конечно на Вашингтон му го донесе Стенли купот.

Неговиот татко Михаил живееше во Вашингтон и беше редовен посетител на тренинзите на тимот и на натпреварите, а се дружеше и со навивачите.

„Со постојана насмевка на лицето, тој сакаше да комуницира со нашите фанови и да изразува благодарност за поддршката на неговиот син, на кој беше неверојатно горд. Мислите на нашата организација се со семејството Овечкин во ова тешко време“, гласи дел од пораката на клубот.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Останати спортови

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Read more

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе