Пандемијата затвори 43 авиокомпании, следува нов бран банкроти

Работата на авиокомпаниите е под притисок веќе неколку години, но пандемијата на коронавирусот годинава предизвика дополнителен товар.

Иако силната државна финансиска поддршка спречи да банкротираат некои од најголемите авиокомпании во светот, како што е германската Lufthansa, во наредните месеци може да се очекува бран банкроти во овој сектор, истакнуваат аналитичарите за воздушен транспорт за CNBC.

Податоците на компанијата за обработка на податоци Cirium покажуваат дека од јануари годинава, 43 комерцијални авиокомпании прогласиле банкрот.

За споредба, минатата година банкротирале 46, а во 2018 година 56. Поголемите авиопревозници потешко преживуваат. Имено, од 43 банкротирани, 20 имале повеќе од 10 авиони во својата флота, додека минатата година пропаднаа 12 такви компании, а во 2018 година 10.

Меѓународната асоцијација за воздушен превоз (ИАТА) неделава објави дека превозниците ќе изгубат 77 милијарди долари во втората половина на годината, а во 2021 година ќе губат меѓу 5 и 6 милијарди долари месечно.

Доказ за лошата ситуација во оваа индустрија е и веста дека британскиот нискобуџетен авиопревозник easyJet вчера предупреди дека годинава може да ја забележи својата прва загуба од основањето во 1995 година. Компанијата очекува минус до 1,1 милијарда долари.

Поради ограничувањата на патувањата поради коронавирусот, easyJet има ангажирано само 25 проценти од својот капацитет. За да ја преживее пандемијата, компанијата досега има земено 600 милиони фунти државна помош, отпушти 4.500 вработени, собра 608 милиони фунти од продажбата на авионите и доби 419 милиони фунти за докапитализација од акционерите.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Пет деца во тешка состојба откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Бизнис

Паѓаат цените на нафтата, доларот зајакна

Read more

Португалија произведе дури 95% од струјата од обновливи извори на енергија

Read more

Како Бил Гејтс го троши богатството и што ќе им остави на децата?

Read more

Доларот зајакна во однос на повеќето други валути

Read more
 

Вести

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе

Нови сведоци во случајот за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Издадени наредби за утврдување на причините за смртта на бебето од Вевчани

Читај повеќе

Македонците лани потрошиле најмногу пари онлајн во Холандија

Читај повеќе