СЕРИЈА А 2019/20

Пандев и Несторовски со порази ја продолжија Серија А

Лош рестарт на сезоната во италијанската лига за двајцата наши фудбалери кои синоќа беа немоќни да им помогнат на своите тимови.

Горан Пандев со Џеноа ја пречека Парма, но и покрај големиот оптимизам неговиот тим на крајот замина високо поразен од сопствениот стадион. Пандев се најде во почетниот состав и немаше забележителен настап, како и целиот негов тим.

Веројатно клучен момент беше кога неговиот соиграч Доменико Кришито не реализираше пенал во 29. минута со кој можеше да израмни на 1:1. Парма потоа направи недостижна предност од 0:3, а при тој резултат во 58. минута Пандев беше дел од двојната измена кога на негово место влезе Андреа Пинамонти. На крајот Парма славеше со 1:4.

Remote video URL

Во истовреме во Торино гостуваше Илија Несторовски со Удинезе. И тој се најде во стартниот состав и играше до 55. минута кога беше заменет со Кевин Лазања. Удинезе губеше со 1:0 уште од 16. минута, а тој резултат на крајот се покажа и како конечен.

Remote video URL

Победа синоќа прослави Елиф Елмас чиј Наполи со 0:2 победи на тешкото гостување кај Верона. Но, македонбскиот бисер преседа 90 минути на гостинската клупа не добивајќи минутажа.

Remote video URL

Од другата страна на Медитеранот, во Шпанија, Енис Барди ја имаше истата судбина како Пандев и Несторовски: пораз и замена. Барди играше до 83. минута кога Ернани влезе наместо него, а Леванте претрпе домашен пораз од мадридски Атлетико и тоа со автогол уште во 15. минута.

Remote video URL
реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе