УЕФА ЕУРО 2020

Пандев меѓу стотниците на УЕФА

Филип Здравески
/ 04.03.2021 / 14:41

И нашиот капитен се најде на листата на УЕФА на играчи кои ќе настапат на претстојното ЕУРО, а имаат над 100 настапи за својата репрезентација.

Европската куќа на фудбалот објави листа на фудбалери кои би требало да се дел од завршницата во јуни, а имаат 100 или повеќе одиграни натпревари во националниот дрес. Повод беше вчерашниот ден кога до почетокот на Европското првентсво се одбележаа точно 100 дена.

Убедливо на листата на УЕФА води шпанскиот капитен Серхио Рамос со 178 натпревари во дресот на „Црвената фурија“, а зад него е Кристијано Роналдо со 170 натпревари за Португалија.

Горан Пандев е на 11-тото место со 114 натпревари во дресот со сонцето. УЕФА за секој играч има краток опис, а за нашиот капитен вели:

„Веќе долго време како е главна ѕвезда на својата земја, кариерата на Пандев доживува бајковит зенит додека тој се подготвува за своето прво големо натпреварување на 37-годишна возраст. Го постигна голот во баражот кој на Македонија ѝ донесе пласман на ЕУРО на сметка на Грузија“.

На списокот на УЕФА има вкупно 21 стотник од 13 различни држави. Најмногу има од Белгија - 4, а тројца има Португалија. По двајца имаат Шпанија, Франција и Данска, додека останатите по 1. Вкупно 11 репрезентации кои ќе учествуваат на ЕУРО немаат активен играч со 100 настапи и тоа Австрија, Англија, Велс, Турција, Украина, Унгарија, Финска, Холандија, Чешка, Швајцарија и Шкотска.

Листата на УЕФА изгледа вака:

  1. 178 Серхио Рамос (Шпанија)
  2. 170 Кристијано Роналдо (Португалија)
  3. 133 Лука Модриќ (Хрватска)
  4. 129 Жуау Мотињу (Португалија)
  5. 126 Марек Хамшик (Словачка)
  6. 125 Себастиан Ларсон (Шведска)
  7. 123 Јан Вертонген (Белгија)
  8. 120 Серхио Бускец (Шпанија)
  9. 120 Иго Лорис (Франција)
  10. 116 Роберт Левандовски (Полска)
  11. 114 Горан Пандев (Македонија)
  12. 113 Пепе (Португалија)
  13. 110 Аксел Вицел (Белгија)
  14. 106 Еден Азар (Белгија)
  15. 105 Џорџо Кјелини (Италија)
  16. 105 Оливје Жиру (Франција)
  17. 104 Тоби Алдервејрелд (Белгија)
  18. 103 Кристијан Ериксен (Данска)
  19. 102 Симон Кјер (Данска)
  20. 101 Тони Крос (Германија)
  21. 100 Јури Жирков (Русија)

Секако, овие бројки ќе се променат бидејќи на крајот од месецов почнуваат квалификациите за пласман на Мундијалот во Катар 2022.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе