СЕРИЈА А 2020/21

Пандев по двата гола против Наполи не е сигурен во плановите за пензија

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, кој синоќа со два гола беше творец во победата (2:1) на Џеноа над Наполи, рече дека не е знае дали ќа ја заврши кариерата по Европското првенство и покрај најавите за такво нешто, пишува Football Italia.

„Многу се трудев да закрепнам од последната повреда, но сепак уживам и се чувствувам добро. Моите мисли се да се повлечам по ЕУРО ова лето, но засега не знаеме ништо со сигурност“, изјави за италијанските медиуми 37-годишниот Пандев.

Пандев, кој постигна два гола против својот поранешен клуб Наполи, не славеше за погодоците.

„Поминав три прекрасни години во Неапол. Тие се одличен тим, но имаа многу повреди и позитивни на коронавирус. Уверен сум дека тие ќе се вратат во колосек оваа сезона“.

За Џеноа, Пандев вели дека се препородени со доаѓањето на тренерот Давиде Балардини. Тимот под негово водство има освоено 17 бода од осум натпревари во Серија А.

„Овие се три бода се многу важни. Сè уште не сме безбедни. Тренерот донесе чувство на смиреност во тимот, нè направи свесни за нашите можности. Очигледно, сè станува полесно кога ќе почнете да постигнувате резултати. Овој состав има квалитет и тренерот го извлекува најдоброто од нас“, додаде Пандев.

Џеноа по 21 коло има 24 бода и се наоѓа на 11. место на табелата во Серија А. 

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Фудбал

Баерн очајнички бара тренер

Read more

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Read more

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Read more

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Read more
 

Спорт

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Читај повеќе

Жрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир

Читај повеќе

Ѓоковиќ го боли ударот од шишето: По дебаклот во Рим најави дополнителни прегледи

Читај повеќе
  • play_arrow

На крилата на феноменалниот Јокиќ, Денвер врати и втор брејк против Минесота

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Читај повеќе
  • play_arrow

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Читај повеќе