Папа Франциск: Да се биде хомосексуалец не е злосторство, бог ги сака сите свои деца

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск изјави дека законите што ја криминализираат хомосексуалноста се неправедни и оти „бог ги сака сите свои деца онакви какви што се“.

„Да се биде хомосексуалец не е злосторство“, истакна папата Франциско.

Тој истакна дека католичките бискупи во некои делови од светот сè уште ги поддржуваат законите кои ја криминализираат хомосексуалноста или ја дискриминираат ЛГБТИК заедницата.

Бискупите мора да поминат низ процесот на промени. Тие треба да бидат нежни, како што е бог кон сите нас, посочи папата Франциско.

Тој, зборувајќи за законите со кои се криминализира ЛГБТИК популацијата, посочи дека Католичката црква може и треба да работи за да се стави крај на тоа и дека хомосексуалците мора да бидат добредојдени во Католичката црква и почитувани и оти не треба да бидат маргинализирани или дискриминирани.

Тој додаде дека мора да има разлика помеѓу криминал и грев во однос на хомосексуалноста.

„Да се биде хомосексуалец не е злосторство. Прво треба да правиме разлика помеѓу грев и злосторство. Грев е и немањето милост еден кон друг“, посочи папата Франциск.

Папата Франциск, кога беше надбискуп на Буенос Аирес, се залагаше за давање правна заштита на истополовите двојки.

реклама

Свет

Огромна експлозија во воена база во Камбоџа, загинаа 20 војници

Read more

Милано на чекор да воведе забрана за продажба на храна и пијалаци после полноќ оти туристите ги вознемирувале жителите

Read more

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Read more

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна експлозија во воена база во Камбоџа, загинаа 20 војници

Читај повеќе
  • filter

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Читај повеќе

Милано на чекор да воведе забрана за продажба на храна и пијалаци после полноќ оти туристите ги вознемирувале жителите

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Читај повеќе

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Читај повеќе

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе