Пејачот на Despacitо го „процвета“ туризмот во својот Порторико

Порториканскиот пејач, текстописец и музички продуцент, Луис Фонси веќе со години владее на топ листите, вклучувајќи ги оние на Билборд како Top Latin, Latin Pop и Heatseekers листите, но секако најголем успех и голем број на обожаватели во светот стекна со глобалниот хит Despacito.

Оваа песна стана најстримуваната на сите времиња со повеќе од 4.6 милијарди емитувања на сите стриминг платформи.

Глобалниот летен хит го обработи и големата канадска ѕвезда Џастин Бибер, благодарение на што Фонси се најде и на првото место на US Billboard Hot 100.

Од кога се појави оваа песна, интересот на туристите за Порторико пораснал дури за 45 отсто, пренесуваат тамошните медиуми.

Во туристичките агенции во Порторико велат дека водичите, по желба на странците кои ја посетувале оваа земја, додавале локации кои биле прикажувани во спотот.

Дури и гувернерот Рикардо Росело изразил надеж дека долгот на Порторико, благодарение на огромниот пораст на туристи, ќе биде намален.

Песната на Луис Фонси стана хит број 1 во речиси сите земји во светот, го одбележа летото, а и цела 2017 година воедно.

Фонси долго чекаше за да се здобие со светска слава, без разлика на школуваниот глас и дуетите со познати пејачки.

Првиот албум го издаде во 1998 година, а вториот две години подоцна. Сними и спотови со Кристина Агилера и Бритни Спирс, а досега има издадено осум албуми.

реклама

Порно ѕвезда ги открива најголемите лаги за индустријата за возрасни

Read more

Интересни факти кои веројатно не ги знаете за машкиот оргазам

Read more

Американски дипломат дрогирал и силувал 23 девојки додека работел во амбасада во Мексико

Read more

Тетовка од сопругот украла 400.000 швајцарски франци

Read more

Музика

Дечињата од „Дајте музика“ со видео-спот како поддршка за ракометарите

Read more

Каква мизерна година, пее Роби Вилијамс во новата песна „Can’t Stop Christmas“

Read more

Синот на Боб Марли одржа онлајн концерт во чест на својот татко

Read more

Дуа Липа објави нов спот за „Hallucinate“

Read more
 

Видео

  • play_arrow

„Наука“ конечно се вивна во вселената, МВС добива нова лабораторија

Читај повеќе
  • play_arrow

15 работи кои треба да ги знаете за претстојната Олимпијада

Читај повеќе
  • play_arrow

Џиновска 3D мачка на токиски билборд

Читај повеќе
  • play_arrow

Што е мистериозното светло на Месечината?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 5 најчудни животни на планетава

Читај повеќе
  • play_arrow

Мачорот кој личи дека е секогаш збунет

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Дубаи ги гради вештачките острови?

Читај повеќе
  • play_arrow

Почитувај го ѓубрето, оти ќе ти врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Кога 62-годишен тренер бега од топка

Читај повеќе