Пет хорор филмови снимени на проколнати места

Продуцентите и членовите на филмските екипи откриле необични работи кои се случувале во текот на снимањето на овие пет хорори.

„Тhe Nun“

Додека го снимале филмот во замок во Романија, режисерот Корин Харди бил убеден дека тоа место е проколнато откако во мрачна просторија наишол на двајца луѓе кои одеднаш исчезнале.

Remote video URL

Корин вели дека влегол во просторијата која се наоѓала надвор од ходникот во кој се одвивало снимањето, за да преку монитор следи што се случува. Во тој момент видел сенки на двајца мажи и мислел дека тоа се членови на екипата, продолжил со работа и откако се свртел да ги праша за мислење, тие не биле таму.

„Poltergeist“

Режисерот Жил Кенан изјави дека за време на снимањето дефинитивно имало паранормални активности.

Тој откри дека чудни работи се случувале околу куќата каде што снимале – не работеле светлата и дел од опремата.

Remote video URL

„Светлата кои работеа на било кое друго место во соседството, се гасеа веднаш штом се обидовме да ги вклучиме на оваа парцела“, изјави тој.

„Insidious“

Филмот е сниман во болницата „Linda Vista“, а во еден момент членовите на екипата, кои работеле во подрумот, почнале да се чувствуваат многу лошо.

Remote video URL

„Во подрумот имаше соба полна со записи од пациенти од 40-тите и 50-тите години. Се облекувавме и ги преместивме работите, а сите во просторијата почнаа да се чувствуваат болно, чудно и тешко. Моравме да направиме пауза“, изјави за Cosmopolitan дизајнерката Џенифер Спенсер.

„The Lords of Salem“

Актерите и екипата исто така снимале во болницата „Linda Vista“ во Лос Анџелес за која дизајнерката Џенифер Спенсер вели дека е проколната.

Remote video URL

Таа објасни дека во некои моменти во просториите со пациенти се огласувал звучниот сигнал иако немало никој во болницата.

„The Possession“

Ѕвездата на филмот Џефри Дин Морган вели дека после снимањето почнал да верува во натприродни работи. Морган вели дека во текот на снимањето се случувале бизарни работи: експодирале светла неколку пати во текот на снимањето, а чувствувале силен ветер во затворени простории.

Remote video URL

Реквизитите од сетот ставени во складиштето во Ванкувер изгореле до темел. „Тоа не беше пожар, започна внатре, тоа е сè што ќе кажам“, изјави Џефри за NBC.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кипарската Шакира воодушеви со настапот во првата полуфинална вечер на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Читај повеќе

Почнува Евровизија, преставничката на Израел не излегува од хотелската соба

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе