Пет особини кај партнерот кои никогаш не може да ги смените

Клучот за успешна, стабилна врска е прифаќање на партнерот таков каков што е. Во тоа може да помогне искрен и отворен разговор, како и одржување на физичка и психичка блискост.

Ако инсистирате партнерот да се промени, бидете подготвени за разочарување, смета сексологот Трејси Кокс. Според нејзиното искуство во брачни советувања, таа смета дека неколку работи не може да ги промениме кај партнерот, а вам ви останува да го прифатите каков што е или да ја раскинете врската за да не се мачете меѓусебно.

Еве за кои особини станува збор:

1. Проблеми со зависност

Статистиката покажува дека бројот на излечени зависници од алкохол, дрога, обложување и слично е за жал многу низок, најмалку 10% од луѓето успеваат долгорочно да се изборат со овие пороци.

Луѓето кои веруваат дека партнерот поради нив ќе остави некој порок зад себе, најчесто живее во заблуда. Конечниот резултат целосно зависи од оној кој има проблеми со зависноста.

2. Клучни карактерни црти

Некои карактерни црти се вродени, но повеќето особини се формираат до 18 година од животот. тоа не значи дека некој не може да се промени, но не треба да очекувате чудо. Студија на Универзитетот Харвард покажа дека до 30 година нашата личност во целост е изградена. И тогаш е потешко да ги менуваме основните постулати во животот.

3. Неговиот однос со семејството

Без разлика дали вашиот партнер е мамин син или партнерката е жена која пред секоја одлука мора да се советува со мајка и, или пак воопшто нема почит кон родителите, не сметајте дека може да го промените односот граден со години. тој има своја динамика и зависи од двете страни кои го создале.

4. Либидо

Во почетните фази од односно сите парови почесто имаат секс, што се случува под влијание на хормоните, на нешто нови и непознато. Со текот на времето доаѓа до рутина, а дури потоа се открива вистинското либидо на поединецот. Додека некој сака секс секојдневно, на другиот му е доволно еднаш во две недели.

Ако разликите се големи, мали се шансите да постигнете заеднички одговор. Порано или подоцна, ќе се појави проблем на сексуален план.

5. Религиски убедувања

Партнерот е атеист, а вие сте религиозни или обратно?

Системот на верувања е нешто што се формирало во раното детство и длабоко е вткаено во неговата личност. Да барате некој да промени такви ставови е лицемерно, неоправдано и безобразно, тоа говори дека всушност вашиот партнер не ви се допаѓа таков каков што е.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Љубов и секс

Што значи да сте заглавени во врска?

Read more

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Read more

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе