Пијани папагали гинат во лет во Австралија

Црвенокрилните папагали се прејадуваат со манга богати со алкохол и потоа умираат од труење со алхокол или од несреќи во лет предизвикани од алкохолизирана состојба. Ова го објавија австралиските ветеринари.

Декември е крајот на манго сезоната во регионот Кимберли во Западна Австралија, што значи дека на земјата има куп паднати плодови од ова овошје. Со оглед на тоа што плодовите се богати со шеќер, мангата произведуваат големи количества на алкохол додека скапуваат под жешкото австралиско сонце.

Ова изобилство на бесплатен алкохол стана вистинска закана по локалните црвенокрилни папагали, кои едноставно се зависни од ферментираните манга.

Најмалку 6 папагали со симптоми на труење со етанол биле донесени во ветеринарната болница „Брум“ во изминатите седум дена, откри ветеринарот Пол Марфи за Australian Broadcasting Corporation (ABC).

„Обично тие страдаат неколку дена... Стануваат прилично летаргични за време на различните фази од лошото хранење“, вели тој.

Тие шестмина папагали имале среќа, но „има многу кои, нажалост, не стигнуваат до болниците бидрејќи умираат пред луѓето да ги најдат“, со жалаење додава Марфи.

Некои папагали умреле поради нивното пијано однесување, бидејќи алхоколот го зафаќа и нивниот локомоторен систем. „Добиваме извештаи за папагали кои влетуваат во затворени прозорци, како и такви кои стојат на земја затоа што не можат да летаат, а со тоа стануваат лесна мета за мачките и другите предатори“, напоменува ветеринарот.

Црвенокрилните папагали засега се единствениот вид птици кои имаат проблем со ферментираните манга, според научниците.

Смртните случаи поврзани со алкохол се цената која тие ја плаќаат за репродукцијата на нивното омилено дрво.

„Очигледно е дека етанолот има некаква околошка вредност за дрвото манго бидејќи папагалите кои се привлечени од ферментираните манга потоа го разнесуваат семето надалеку“, за ABC објаснува Мајкл Консидин, асистент на Универзитетот Западна Австралија.

реклама

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе

4 несакани последици кои може да се јават ако јадете премногу леб

Читај повеќе
  • play_arrow

Што значи да сте заглавени во врска?

Читај повеќе

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво

Читај повеќе
  • filter

Наоми Кембел во Кан блесна во фустан што првпат го носеше во 1996 година

Читај повеќе