Поранешниот играч на Барселона, Жерард Пике, со една изјава ги налути сите фанови на Реал Мадрид.
Пике, кој често е во медиумите поради разделбата со поранешната партнерка Шакира, сега гостуваше на каталонското радио RAC1 и зборуваше за фудбалот, а неизбежна тема беа Барселона и Реал Мадрид.
Во врска со Реал Мадрид, Пике рече дека „ние сме во земја во која има повеќе луѓе од Мадрид отколку од Барселона и тоа е главен град, ние секогаш ќе бидеме оние кои ќе бидат на страна и ќе се обидуваме да им бидеме пречка“.
„Не мора да навлегуваме во овие војни и да се пробиваме по нашиот пат, кој е тесно поврзан со нашето ривалство, но би се обидел да се фокусирам на тоа кои сме. Глупаво е да се каже дека победувавме со помош на судиите кога тоа го направивме на начин што со одлична игра ги уништувавме нашите противници на теренот“, додаде Пике.
„Кога ние победуваме, нѐ паметат за секогаш, кога тие победуваат, тоа е само уште еден трофеј. Последната титула во Лигата на шампионите беше чудо затоа што беа инфериорни на секој натпревар, но никој нема да го памети тоа“.