УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023

Пиоли: Милан направи премногу грешки против Челси

Предводникот на „Росонерите“ признава дека неговиот тим направил премногу неизнудени грешки, но се надева дека синоќешниот дебакл ќе му помогне на тимот да созрее и да стане уште поодлучен.

На Милан ми недостасуваа дури 8 играчи поради повреди (Калабрија, Флоренци, Ернандес, Ибрахимовиќ, Кјер, Мењан, Месиас и Салемакерс) и поради тоа Стефано Пиоли мораше да импровизира ставајќи некои играчи вон нивните природни позиции. Тоа резултираше со некои банални грешки и пораз од 3:0 на „Стемфорд Бриџ“.

„Требаше да одиграме подобро, нема збор тука. Не почнавме лошо, но потоа загубивме форма и правевме грешки дури и без да ни играат пресинг, па кога ќе направиш толку многу грешки против противник со ваков квалитет, работите се комплицираат“, рече Пиоли говорејќи за Sky Sport Italia.

„Отсуствата се ирелевантни. Мислев дека тимот е подготвен да го одигра овој натпрервар и бев свесен за опасностите, но и покрај тоа ние само ја губевме топката или правевме грешки во додавањата. Така на Челси му овозможивме преголем простор“, додаде.

„Поразот мора да ни помогне да созрееме, да најдеме уште повеќе одлучност и концентрација. Тежок пораз е, тоа е сигурно, но имаме шанса во сабота да докажеме каков тим сме“, алудираше на наредниот натпревар и тоа големото дерби против Јувентус во Милано.

„Нормално, тимот е разочаран и лут што не одигра најдобро што може, но тоа ќе нѐ мотивира за идните настапи“, заврши италијанскиот стратег кој лани на Милан му го донесе првото Скудето после 11 години.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Пет деца во тешка состојба откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити

Read more

Фудбал

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Read more

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Read more

Серхио Рамос се сели преку океанот

Read more

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Read more
 

Спорт

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Читај повеќе

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Читај повеќе