Пирло: Интер беа подобри и пожелни за успех од нас

Предводникот на Јувентус призна дека Интер завршил подобра работа сезонава и воедно повеќе ја посакувал титулата која и успеа да ја освои.

Во пресрет на утрешната мега-пресметка, популарното Дерби д'Италија помеѓу Јувентус и Интер, двајцата тренери одржаа прес-конференции, а погледот беше насочен кон оној кој потфрли, Андреа Пирло.

Ако за Интер утрешниот натпревар е само за дерби престиж, за Јувентус воопшто не е така. „Старата дама“ грчевито се бори за место помеѓу првите четири и пласман во Лигата на шампионите, а моментално е надвор од таа зона бидејќи е на 5. место.

„Интер одиграа многу подобро, беа многу поконзистентни и погладни од нас. Жалам што некои играчи не ги имав на располагање, но жалењето е дел од амбицијата“, рече Пирло.

„Утре ќе му се спротивставиме на новокрунисаниот шампион на Италија и тоа ќе ни даде мотив. Да не заборавиме дека ние играме за место во Лигата на шампионите, но како и да е, Интер ќе оди на победа“, додаде.

Јувентус излезе од топ 4 со поразот од Милан во неделата, но потоа завчера славеше на гости кај Сасуоло и остана во игра.

„Гледајќи ја играта во средата ни сугерира дека ни е жал што не освоиме повеќе бодови со останување фокусирани како што тоа го направивме во Реџо Емилија“.

Пирло најави и дека од првата минута ќе настапи со Алекс Сандро, а и дека подготвен за настап најверојатно ќе биде и Федерико Кјеза. Назад во тимот ќе биде и Мерих Демирал.

Натпреварот се игра на „Алианц“ стадионот во Торино со почеток во 18 часот, а правдата ќе ја дели Џанпаоло Калварезе.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе