УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Пирло: Овој Јуве е сѐ уште во изградба, Барса е многу пред нас

„Овој пораз ќе нѐ направи подобри, мораме многу да се подобриме за да го стигнеме нивото на Барселона“, вели стратегот на Јувентус за синоќешниот пораз.

Андреа Пирло не бара изговори за поразот од 0:2 среде Трино кој неговиот тим го претрпе синоќа во 2. коло од Лигата на шампионите од моќната Барселона.

„Тежок натпревар против екипа која знае да игра и е многу пред нас. Ние сме екипа во изградба со играчи на кои ова им беше само втор натпревар во Лигата на шампиони. Поразот ќе ни послужи за да се подобриме“, почна Пирло на пресот по натпреварот.

Пирло синоќа мораше да игра без повредените Алекс Сандру, Џорџо Кјелини и Матајс де Лихт, како и без Кристијано Роналдо кој сѐ уште е позитивен на COVID-19.

„Очекувам во најбрзо време да имам на располагање и други играчи бидејќи тимот ни е моментално ограничен па оние кои ги вадам на терен мораат да играат по 90 минути“.

„Овој пат и Ремзи беше на клупата, но не можеше да игра, се надевам и другите набрзо ќе се вратат и што побрзо ќе ги имам на располагање. Кога останавме со 10 играчи премногу се трошевме на пресинг трчајќи во празно“.

„Мораме подобро да се позиционираме на теренот. На моменти Кулушевски и Дибала беа премногу блиску. Кјеза го чувавме на длабочина, но мораме да бидеме побрзи во префрлувањето на топката кога таа треба да стигне то крилата“, рече тој во однос на тактичката поставеност.

Новинарите во Италија му посочија дека средниот ред синоќа бил многу понеквалитетен во однос на оној од 2015 кога самиот Пирло играше, а тогаш Јуве загуби во финалето токму од Барселона.

„Се работи за циклуси, сега имаме млади играчи како Бентанкур и Артур, потоа и Рабјо, им треба натпревари и искуство. Направивме многу грешки при преминот од одбрана во напад. Потребно е да се подобриме за да стигнеме на такво ниво да играме рамноправно со Барселона“, заврши стратегот на „Старата дама“.

реклама

Поради короната, белградската проституција работи по принципот на достава

Read more

Volkswagen го презема европскиот пазар за електромобили

Read more

Нереди во Штип: Среде град се пресметаа навивачите на Брегалница и Тиквеш

Read more

Мицкоски: Имам информација дека викендов се распарчува Македонија во Софија

Read more

Фудбал

Нереди во Штип: Среде град се пресметаа навивачите на Брегалница и Тиквеш

Read more

Интер се поправи и убедливо славеше против Сасуоло

Read more

Нов триумф за Вардар, Академија Пандев поразена во Скопје

Read more

Навивачите на Интер им се заканија на играчите

Read more

Спорт

  • play_arrow

Нереди во Штип: Среде град се пресметаа навивачите на Брегалница и Тиквеш

Читај повеќе
  • play_arrow

Интер се поправи и убедливо славеше против Сасуоло

Читај повеќе

Кошаркарите не играат против Италија, има позитивни

Читај повеќе

Нов триумф за Вардар, Академија Пандев поразена во Скопје

Читај повеќе

Навивачите на Интер им се заканија на играчите

Читај повеќе

Кошаркарите без Димитријевиќ, но со Вајли денеска против Италија

Читај повеќе

Хамилтон најбрз и на вториот тренинг пред Големата награда на Бахреин

Читај повеќе

Македонските фудбалерки триумфираа на гостувањето во Казахстан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ова се бизарните правила за камбек мечот на Мајк Тајсон

Читај повеќе