Откако судот ја укина пресудата за сексуално злоставување и го ослободи од затвор, Бил Козби најави враќање во шоу бизнисот.
Неговиот официјален претставник Ендру Вајат за TMZ изјави дека Козби планира да се занимава со комедија, но исто така планира да сними документарна серија за неговиот живот.
„Светот сака да го гледа Козби“, изјави Вајат и покрај фактот што на социјалните мрежи славните личности, но и корисниците на социјалните мрежи го изразија своето незадоволство околу ослободителната пресуда.
Документарната серија би требало да има пет епизоди, а познато е дека веќе се извршени интервјуа со Козби, неговото семејство и некои славни личности.
Козби ќе пишува и книга за искуството со затворот и неговиот случај со обвинувања. Бил одлежа две години затвор, осуден беше во 2018 година бидејќи беше обвинет за дрогирање и сексуално малтретирање на Андреа Констанд.