Почина Жерар Улје, поранешниот тренер на Ливерпул

Во 73 година од животот денеска почина францускиот тренер Жерар Улје, најпознат по водењето на Ливерпул од крајот на 90-тите и почетокот на овој милениум.

Французинот седеше на кормилото на „Црвените“ од „Енфилд“ од 1998 до 2004 година, период во кој не успеа да им ја донесе титулата во Премиер лигата, но освои по еден ФА Куп и Суперкуп, двапати Лига куп, а триумфираше и во УЕФА купот и УЕФА Суперкупот. Во 2001 година ја освои наградата за тренер на годината според новинарите.

Роден на 3 септември 1947 година во малото гратче Теруан на крајниот север на Франција, Улје беше играч од средниот ред играјќи аматерски за Алсоп, Икелјер и Ле Туке. Токму во последниот клуб ја почна тренерската кариера каде преку петтолигашот Но-ле-Мин стигна до Ланс откако упеа да го внесе тимот дури до Лиг 2 скокајќи три нивоа. И во Ланс имаше успех: прво се пласираше во Лиг 1, а потоа и избори учество во УЕФА купот. Првата титула шампион на Франција ја освои со ПСЖ во 1985 година.

Стивен Џерард и Улје

Црна дамка во неговата кариера остана неуспехот како селектор на Франција кога не успеа да се квалификува на Мундијалот во САД 1994 година.

Во Ливерпул дојде во 1998, потоа го водеше Лион со кој ги освои својата втора и трета титула шампион на Франција, а се пензионира во Астон Вила во 2011 година.

Тагови
реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе