Под слоганот „Напрај се Василичар“ утре почнува Вевчанскиот карневал

Под слоганот „Напрај се Василичар“ утре почнува Вевчанскиот карневал, на кој се најавуваат над 1.000 маски и богата програма со културно – забавни содржини. Организаторите на карневалот очекуваат голем број посетители, напоменувајќи дека голем дел од туристичките капацитети во околината веќе се полни.

– Иако нѐ дели само еден ден до официјалното отворање на овој историски карневал, Вевчани е веќе полно со туристи, сите капацитети во и околината се веќе полни. Вевчанци и посетителите со нетрпение чекаат да ги видат маските кои се подготвуваат 365 дена, а многумина ги прават и последните подготовки за да се приклучат на уличниот театар и да го заиграат василичарското оро, велат организаторите на карневалот.

Општината како организатор, под покровителство на Министерството за култура, е подготвена да ги пречека гостите од земјава и од странство. Сепак, најголем број на посетители, домаќините очекуваат на 13 јануари – во понеделник, кога ќе се одржи главното дефиле на маските во центарот на Вевчани.

Забавната програма на 12 јануари ќе започне од 19 часот, а на 13 јануари музичката програма започнува во 21 часот. Вторник, 14 јануари, е резервиран за традиционалното василичарско оро и палење на маските.

Програмата за Вевчански карневал за 2020 година наиде на многу позитивни критики на социјалните медиуми, бидејќи покрај традиционалните обреди, таа вклучува и неколку новитети. Преку кулинарското шоу, Бранко Попоски, food blogger кој стои зад проектот Cooking with Branko, ќе ги запознае гостите со кујната карактеристична за овој крај.

За музичкиот дел ќе се погрижат македонски изведувачи од различни жанрови како македонското поп-рок дуо Eye Cue, Brass Brothers, DJ Todoroff, македонските музички фолк ѕвезди Дамјан Стојановски и Татијана Стефановска, а по барање на публиката, општината се погрижи да ја донесе нашата најголема музичка ѕвезда, Влатко Лозаноски.

Организаторите и годинава најавуваат многу смеа, игра, театар и маски, кои ќе го привлечат вниманието на јавноста задржувајќи ја својата уникатност и архаичност.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Култура

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Read more

Oтворен конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство

Read more

Заспаната убавица од Чајковски на 15 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Read more
 

Вести

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Читај повеќе

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе

Со четирицикл излетале во провалија на Шар Планина

Читај повеќе

На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра

Читај повеќе

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Читај повеќе

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе