ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Погба и Лукаку повторно се повредија - неизвесни за Катар

Нема крај на пеховите за репрезентативците на Франција и Белгија откако повторно се пожалија на повреди, сега на 20 дена до почетокот на Мундијалот во Катар.

Погба и Лукаку во дуел

Пол Погба само што се врати на тренинзи кај Јувентус и требаше и да заигра наредниот викенд, повторно мора да паузира. Италијанските медиуми пренесуваат дека тој повредил мускул на бедрото за време на петочниот тренинг. Од клубот и по неколку дена немаат излезено со официјална информација за тоа колку тешка е новата повреда на несреќниот Погба. Медиумите на Чизмата наведуваат дека шансите тој да настапи во Катар се загубени и дека речиси сигурно нема да патува на светскиот собир.

Од францускиот трабор се поголеми оптимисти и се надеваат дека ќе се опорави до последниот момент кога селекторот Дидје Дешам треба да го предаде конечниот список на играчи кои ќе ги води во Катар.

Сличен пех доживеа и белгискиот голгетер Ромелу Лукаку. Интер потврди дека робусниот напаѓач е повторено повреден откако во саботата влезе во игра во 68. минута против Сампдорија.

„Лукаку утринава беше прегледан во клиниката 'Уманитас' во Роцано. Има истегнување на феморалниот бицепс на левото бедро. Состојбата на играчот дополнително ќе биде проценета во наредните неколку дена“, стои во клупското соопштение.

Како и Французите, и во таборот на Белгија се оптимисти дека Лукаку ќе го имаат во Катар. Белгиски Lesoir пишува дека Лукаку ќе го пропушти вторничкиот дуел со Баерн во Лигата на шампиони, како и неделното дерби против Јувентус, но ќе се врати за Мундијалот.

Белгија на Мундијалот е во група со Канада, Мароко и Хрватска, додека Франција за противници ги има Австралија, Тунис и Данска.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе