Погледнете нагоре: Конјукција на Месечината со Венера и Јупитер

Астрономите најавуваат дека на крајот од месецов на небото ќе имаме прилика да ја видиме необичната конјукција на нашиот природен сателит со двете најсјајни планети во Сончевиот Систем, настан кој повторно ќе биде видлив во 2025 година.

Од 21 февруари на нашебо небо може да се види астрономски спектакл во кој планетите Венера и Јупитер се наоѓаат на аголно растојание од 30º, додека помеѓу нив е Месечината. За целиот настан да биде уште поинтересен се грижи природата која на нашиот природен сателит му дава розевкаста боја, а сето тоа поради светлината што се одбива од Земјата.

URL

После ова Месечината ќе го продолжи својот пат, додека растојанието помеѓу планетите ќе почне да се намалува. Кулминацијата на овој феномен се очекува помеѓу 28 февруари и 2 март, кога аголната оддалеченост помеѓу нив ќе биде само 1º. Додека ќе набљудуваме од Земјата, нам тоа ќе ни делува како да станува збор за еден планетарен систем.

Како да ја видите оваа конјукција?

За да не пропуштите ништо од овој небесен спектакл на запад побарајте ги Венера и Јупитер во соѕвездието Риба. Бидејќи ѕвездите околу нив не се посебно светли, лесно ќе ги воочите на ноќното небо. Можно е дури и да можете да ги разликувате - дури и да сте лаик - бидејќи Венера ќе сјае поинтензивно од Јупитер.

URL

Уште еден репер за полесно снаоѓање при потрагата на небото може да ви биде и соѕвездието Пегаз - десетина сјајни ѕвезди кои се наоѓаат лево од овие две планети.

Сепак, не заборавајте дека ништо од ова нема да биде видливо доколку небото не е ведро. Покрај тоа, во обѕир треба да го земете и фактот дека во големите градови присутно е и светлосното загадување, кое влијае врз видливоста на ноќното небо.

Зошто овој феномен е уникатен?

Иако во оваа прилика ќе ги видиме планетите една крај друга како се допираат, ова во суштина е само оптичка илузија поради положбата во која се наоѓа Земјата. Вистината е дека Венера и Јупитер се оддалечени над 900 милиони километри. Ваквите феномени настануваат поради разликата во движењето на планетите, иако сѐ се движи во иста насока и приближно во иста рамнина.

Конјукцијата помеѓу Венера и Јупитер е видлива само еднаш годишно. Меѓутоа, мислењето на експертите е дека ако не ја искористите оваа прилика - наредната ќе ви се укаже во 2025 година. Пред сѐ бидејќи наредната конјукција ќе се случи толку блиску до Сонцето што практично ќе биде невозможна за гледање.

Тагови
реклама

Вести

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе