Полнач од 240 вати е идниот универзален полнач за лаптопи?

USB тип-C од 240 вати може да значи дека наскоро секој полнач за лаптоп ќе биде универзален.

Ако Комисијата на Европската Унија има право да бара од производителите на мобилни телефони и мобилни уреди да имаат ист (универзален) полнач, тогаш зошто би било поинаку со лаптопите?

Ако USB тип-C навистина може да испорача 240 вати преку своите жици, тоа може да значи не само дека гејмингот и сите други лаптопи наскоро ќе можат да се напојуваат со ист полнач, туку и обемните и тешките полначи на помоќните компјутери на крај ќе станат минато (секој што има гејмерски компјутер знае дека и онака тешкиот лаптоп е уште потежок со полначот).

Гореспоменатите 240 W се повеќе од доволни за да се испорача доволно моќност дури и кај најсложените гејмерски ѕверови, а новите спецификации USB тип-C 2.1 споменуваат нешто слично.

Досега преку овој тип на поврзување добивавме 20 V на 5А, што значи дека максимумот беше околу 100 вати, а сега треба да добиеме значително подобрување - 48 волти на 5 ампери.

Тоа го зголемува протокот на енергија преку кабелот на околу 240 вати, што значи дека овој речиси универзален кабел може да го напојува секој лаптоп, вклучувајќи ги и најмоќните модели дури и кога се под максимално оптоварување.

Се разбира, зборуваме за опционална надградба на USB тип-C кабел и никој во моментов не ги обврзува производителите да го користат новиот тип на кабел со проширен опсег на енергија (EPR) наместо стандардниот опсег на моќност (SPR), кој денес насекаде се користи. Според досегашното искуство, ќе помине извесно време пред кабелот од типот EPR да го замени SPR, дури и кога EPR ќе биде широко прифатен, бидејќи на сите лаптопи не им треба толку многу енергија. Меѓутоа, во догледна иднина, сигурно е дека EPR ќе биде стандард, дури и ако Европската комисија не одлучи да оди по патот на одлуката за мобилни уреди.

Она што е погодно во целата оваа приказна е тоа што ако лаптопите навистина се префрлат на полначи преку еден од USB тип-C каблите, во повеќето случаи би се решил и проблемот на полначите за мобилни, бидејќи скоро сите модерни телефони со Android користат таков тип на полнач. Исто така, таквите полначи обично се брзи полначи, кои би можеле брзо да наполнат телефон, и не би имало потреба да купувате два полнача. Ова автоматски ја намалува тежината на торбата што би ја носеле, го олеснува полнењето на два уреда и го намалува количеството на електронски отпад.

Производителите кои вообичаено произведуваат телефони, а потоа започнаа со производство на компјутери, веќе ги има многу - HONOR, Huawei, Xiaomi, Realme... веќе го користат овој принцип и функционира многу добро, во што се уверивме и во пракса.

И сите се задоволни, освен Apple, се разбира...

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе