КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2025

Полска падна, кошаркарите се вратија во игра за пласман на ЕвроБаскетот

Македонската кошаркарска репрезентација успеа да направи сензација и да ја победи Полска на гостински терен.

По разочарувањето во петокот кога во скопската сала „Кале“ Македонија загуби од Естонија, вечерва запиша победа на гости кај Полска во градот Сосновјец.

Македонците разликата ја направија во првата четвртина која ја добија со 25:16. Во втората се играше израмнета кошарка со по 22 поена на двете страни, а во третата Македонија се чини ја завери победата бидејќи разликата ја зголеми за уште 10 поени.

Во последната четвртија Македоинија одржуваше чекор со домаќинот, не дозволувајќи му да ја намали разликата од дваесетина поени, а на самиот крај и ја зголеми. На крајот конечниот резултат гласеше 71:96.

И покрај повредата од петокот, Ненад Димитријевиќ беше фантатсичен и заврши со скор од 32 поена и по 8 скока и асистенции. Итан Хап го следеше со 19 поени, 7 скока и 5 асистенции, а Стојхан Ѓуроски постигна 17 поени.

Кај Полјаците најефикасен беше Михау Михалак со 20 поени и 9 скока, додека Михау Сокоуовски уфрли 15 поени.

Remote video URL

Мора да се напомене дека Полска во квалификациите игра растеретена од било какви императиви, бидејќи таа е еден од четирите домаќини на ЕвроБаскетот 2025 заедно со Кипар, Финска и Латвија. Тоа значи дека две репрезентации од триото Естонија, Литванија, Македонија ќе се пласираат на завршницата.

Во другиот натпревар од нашата Х група Естонија на домашен терен го совлада фаворитот Литванија со 65:59, резултат што воопшто не ни оди во прилог.

Квалификиациите продолжувата дури во номеври, кога Македонија ќе одигра двомеч со Литванија (на 21 дома, на 24 во гости).

Табела:

  1. Естонија 4
  2. Македонија 3
  3. Литванија 3
  4. Полска 2
реклама

Кошарка

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Read more

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Read more

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Read more

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе