Полски гаф: Италија победи во атлетика и им пуштија песна против Јуве

Атлетската репрезентација ан Италија стана европски шампион на првенството што се одржува во Полска, но домаќините за време на славјето ја промашија песната со која сакаа да ѝ оддадат почит на Италија.

Песната со која навивачите на стадионите низ Италија често се потсмеваат со Јувентус сега одекна и на Европското првенство во атлетика.

На стадионот „Шлонски“ во градот Хожув репрезентацијата на Италија беше одликувана со златни медали како екипен победник на континенталниот собир. Полските домаќини, сакајќи победничкото славје да го зачинат со еден култен италијански евергрин, преку озвучувањето ја пуштија веселата песна „Sarà perché ti amo“ од групата „Ricchi e Poveri“.

Но, очигледно организаторите не знаеле дека песната има и друга, многу популарна верзија во Италија, верзија посветена против Јувентус што често се пее на стадионите низ Чизмата, кога противничката екипа е токму Јувентус.

Сѐ било во ред во Хужув сѐ додека Џанмарко Тамбери, инаку скокач во височина, не го кренал пехарот и не дошол на ред изменетиот стих.

Во оригналната верзија на „Ricchi e Poveri“ песната оди вака:

„Stringimi forte e stammi più vicino
Se ci sto bene
Sarà perché ti amo“

додека во изменетата анти-Јуве верзија стихот вели:

„Stringimi forte e stammi più vicino
e chi non salta
è un gobbo juventino“.

URL
URL

Потоа дел од италијанските натпреварувачи и сами си го пееја анти-Јуве делот. Нормално, меѓу нив не беше стринтерот Филипо Торту, инаку навивач на „Бјанконерите“.

Remote video URL

Веста од Полска одекна во Италија и веднаш стана вирална.

Италија на првентсвото заврши прва со 426,50 бодови, пред второпласираната репрезентација на домаќинот Полска, која освои 402,50. Трета беше Германија со 387,50 бодови. Италијанците освоија 14 медали, од кои 6 златни, 5 сребрени и 3 бронзени.

Италија никогаш претходно немаше победено на Европско во атлетика.

Сличен гаф се случи на почетокот од месецов на кошаркарското финале на Исланд. Играа екипите на Валур и Тиндастол, а на паузата публиката се забавуваше со погрешната верзија на „Sarà perché ti amo“.

URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Останати спортови

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Read more

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Read more

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Read more

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе