УЕФА ЛИГА ЕВРОПА 2022/2023

Полуфинале Лига Европа: Јувентус се спаси во 90+7, победа на Рома

Се одиграа првите полуфинални натпревари во Лига Европа и Конференциската лига, а ниту една од екипите не направи недостижна предност пред реваншот.

Дербито се одигра на стадионот „Алианц“ во Торино помеѓу Јувентус и Севиља, а дуелот заврши 1:1 со гол во 7. минута од судиското надополнување.

Јусеф Ен-Несири погоди во 26. минута за водство на гостите од Андалузија. Тоа е 16-ти гол сезонава за одличниот Мароканец, исто толку голови колку и Килјан Мбапе, на пример.

Во првото полувреме Душан Влаховиќ имаше две одлични шанси за домашните. Во 19. минута го заобиколи голманот, но Боно сепак некако успеа да го спаси својот тим. Во следниот напад Влаховиќ од одлична позиција шутираше покрај голот.

Во продолжение Јувентус со сите сили тргна напред, домашните се надеваа на пенал на крајот од натпреварот, но по ВАР интервенцијата немаше удар од белата точка. Кога се чинеше дека дуелот ќе заврши со победа на гостите, Федерико Гати во 7. минута од надополнувањето со глава погоди за 1:1.

Remote video URL

Вториот натпревар заврши со победа на Рома од 1:0 против Баер Леверкузен.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше младиот Едуардо Бове во 63. минута откако испрати одбиена топка по ударот на Тами Ејбрахам.

Тимот на Жозе Мурињо е во добра позиција, па на реваншот во Леверкузен сѐ што ќе треба да направи е да не загуби.

Remote video URL

И во Конференциската лига се одиграа двата полуфинални натпревари. Вест Хем на домашен терен беше подобар од АЗ со 2:1, додека голема победа на гости оствари Базел со 1:2 кај Фиорентина на „Артемио Франки“.

Лига Европа:

Рома - Баер Леверкузен 1:0
63' Едоардо Бове

Јувентус - Севиља 1:1
90'+7 Федерико Гати - 26' Јусеф Ен-Несири

Конференциска лига:

Фиорентина - Базел 1:2
25' Антонио Кабрал - 71' Анди Диуф, 90'+3 Зеки Амдуни

Remote video URL

Вест Хем - АЗ 2:1
67' (п) Саид Бенрахма, 76' Мајкл Антонио - 41' Тајани Рајндерс

Remote video URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Фудбал

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе