Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај - Меѓународниот Ден на слободата на медиумите

По повод 3 Мај - Меѓународниот Ден на слободата на медиумите, Претседателот на Републиката, Стево Пендаровски ја упати порака до сите медиуми и медиумски работници потенцирајчи ја нивната важност особено во крем на криза.

„На 3 Мај, Меѓународниот Ден на слободата на медиумите, им оддаваме почит на сите професионалци, новинари и медиумски работници кои без разлика на сите предизвици се на страната на јавниот интерес и чија посветеност ја носи вистината до граѓаните.

Важноста на улогата на новинарите и медиумските работници е особено голема во време на неизвесност, криза или конфликти. Во сегашната пандемија од коронавирусот, кога најголем дел од граѓаните се заштитени во своите домови, новинарите и медиумските работници секојдневно се ангажирани со цел да обезбедат брза и точна информација. Паралелно со пандемијата на вирусот ни се случува и пандемија од лажни вести, затоа во овие вонредни околности од круцијално значење е нивната професионалност и објективност.

Истовремено, за да поттикнат дебата за значајни прашања и да бидат показател за зрелоста на една демократија, медиумите треба да бидат ослободени од страв и од клиентелизам, остварувајќи го едно од фундаменталните човекови права, слободата на говор.

За да се развива независно и професионално новинарство, треба да обезбедиме подобри услови за работа, да ги унапредиме синдикалните права, да ја зголемиме безбедноста, заштитата на новинарите и медиумските работници и да ги ослободиме од економска зависност и од политички влијанија. И секако, уште повеќе да ги отвораме институциите - транспарентноста придонесува граѓаните да го остварат своето право на слободно и навремено информирање“, стои во соопштението објавено од страна на претседателот.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Македонија

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Read more

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Read more

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Read more

Македонците лани потрошиле најмногу пари онлајн во Холандија

Read more
 

Вести

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе