Поскапува Spotify

Популарниот стриминг сервис ги зголемува цените на претплатите.

Повеќето од стриминг сервисите, без разлика дали се работи за оние што ви дозволуваат да гледате ТВ серии или филмови, или оние што стримуваат музика, забележуваат зголемување на цените на претплатите. Сега во оваа група се приклучи и популарниот Spotify.

Spotify е еден од најпопуларните стриминг сервиси, фокусиран на пуштање музика, а според новите информации, компанијата планира да ги зголеми цените на претплатата за своите услуги.

Ова го соопшти Даниел Ек, извршниот директор на компанијата, кој посочува дека во моментов се чекаат договори со големите издавачки куќи, по што се очекува да се спроведе поскапувањето на претплатата.

Минатата година компанијата најави можност за зголемување на цените на претплатата во САД, па оваа информација не е изненадување.

Spotify моментално е меѓу најевтините стриминг сервиси за музика во премиум сегментот, меѓу кои се Apple Music, Amazon Music и Tidal.

Со години, цената на претплата за индивидуален план на Spotify е 9,99 долари, додека некои други услуги ја зголемија цената на повеќе од 10 долари.

Тагови
реклама

Интернет

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more
 

Гик

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе