Правилото за офсајд на Венгер може засекогаш да го промени фудбалот, тестирањето продолжува

Легендарниот фудбалски стручњак и директор за фудбалски развој во ФИФА, Арсен Венгер, неодамна предложи промена на правилото за офсајд, а Marca денеска потврди дека е одобрено да продолжи да се тестира.

Венгер сугерираше дека фудбалот треба да почне да ги фаворизира напаѓачите наместо дефанзивците, како што е случајот сега, и целосно да се смени правилото за офсајд.

Според предлогот на Венгер, фудбалер би бил во офсајд позиција само доколку целото негово тело е пред последниот човек од одбраната на противничкиот тим во моментот кога додавањето е испратено до него.

Илустрацијата на идејата на Венгер можете да ја видите подолу, каде што на горната фотографијата е ситуација во која фудбалерот не би бил во офсајд, додека во случајот на долната фотографијата би бил суден офсајд.

URL

Значи, офсајд не би бил сигнализиран доколку само еден дел од телото на напаѓачот е во линија со одбранбениот играч кога додавањето е насочено кон него, и покрај тоа што остатокот од неговото тело е поблиску до голманот.

„Венгеровиот закон“ почна да се тестира во последните месеци на турнирите за млади фудбалери во Шведска и Италија, а Меѓународниот одбор за фудбалската асоцијација (ИФАБ) одобри продолжување на неговите тестови, па извесно е дека ФИФА, која треба да ја одобри промената, ќе биде ставена во големо искушение.

Доколку се прифати предлогот на Венгер, несомнено е дека тој целосно би го променил фудбалот и играчите би морале да поминат низ тежок процес на адаптација, пред сѐ дефанзивните, бидејќи нивното движење во текот на играта би добило сосема друга димензија.

Засега е јасно дека нема да има промени во фудбалските правила до следниот февруари, кога ИФАБ повторно ќе се состане и ќе ги разгледа сите направени тестови. Тогаш ќе се дискутира за синиот картон, Венгеровото правило и многу други предлози кои пристигнуваат на адреса на оваа организација.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе