Премиерата на „Синиот час“ на вечерашниот репертоар на Синедејс

Во рамки на фестивалот на европски филм Синедејс, вечерва во МКЦ парк кино ќе се одржи премиера на краткометражниот игран филм „Синиот час” по сценарио и во режија на Ана Јакимска.

„Синиот час” е копродукција на Кавал филм од Скопје со Круг филм и Филмс за нас. Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм.

Улогите ги толкуваат Наташа Петровиќ, Жаклина Стевковска, Дарко Набаков и Тамара Ристоска. Директор на фотографија е Дејан Димески, сценограф – Симо Бранов, монтажер – Горјан Атанасов, дизајнер на звук – Игор Поповски, композитор – Тони Китановски, костимограф – Жаклина Крстевска и шминкер – Жанета Димитриевска.

Продуцент е Роберт Јазаџиски, а копродуценти се Дејан Крајчевски и Павлина Проевска.

Влезницата за „Синиот час“ може да се набави како блок влезница за проекциите од 21 часот.

Репертоар на 21. CINEDAYS за 13.07.2022 (вторник)
ГТЦ кров
20:30

ВЕРА СОНУВА ЗА МОРЕТО

Калтрина Красники (СЕЕ програма) 87'

Вера е посветена сопруга, мајка и баба, која работи како преведувачка на знаковен јазик. По самоубиството на сопругот, животот драстично ѝ се менува: сѐ посилно ја чувствува на плеќи тежината на неподносливиот и заканувачки патријархат. Ќе попушти ли Вера за да си го заштити семејството?

Кино Милениум
22:30

БЛИСКОСТ

Лукас Донт (Гала) 105'

Интензивното пријателство меѓу две тринаесетгодишни момчиња, Лео и Реми, одеднаш е нарушено. Обидувајќи се да сфати што се случило, Лео бара утеха и се зближува со Софи, мајката на Реми, додека момчињата трагаат по прошка и помирување во обид да си го спасат пријателството.

МКЦ парк
21:00

Синиот час

Ана Јакимска (MK кратки) 19'

 

Blue Hour (2022) Trailer HD from Ana Jakimska on Vimeo.

Р.М.Н

Кристијан Мунгиу (G) 125'

Неколку дена пред Божиќ, откако ја напушта работата во Германија, Матијас се враќа во родното мултиетничко трансилванско село. Сака да се вклучи повеќе во образованието на синот Руди, оставен предолго во рацете на мајка му Ана, но и да го ослободи момчето од нерешените стравови што го зафатиле. Преокупиран е со својот стар татко Ото и сака да ја види поранешната љубовница Чила. Кога во малата фабрика со која раководи Сила ќе се вработат неколку нови работници, мирот во заедницата е нарушен, возрасните ги зафаќаат скриени страв, а низ тенката обвивка на привидното разбирање и смиреност пробиваат фрустрации, конфликти и страсти.

23:30

Living Music Project (Cинемјузик)

Работилницата „Living Music Project“ како дел од СИНЕДЕЈС, траеше 10 дена и во неа беа вклучени шест режисери, седум композитори, девет музичари и диригент.

Членовите на работилницата доаѓаа од различни страни на светот Кина, Јапонија, Естонија, Италија, Шпанија, Романија, Македонија и Мексико. Од процесот на работа на работилницата, произлегоа шест нови проекти за филм (еден филм доби две верзии на музика) со музика компонирана специјално за нив и изведувана во живо од оркестар, со проекцијата на филмот.

Ова второ издание на Living Music Project им даде можност на младите филмски уметници да имаат свое авторско дело со оригинална музика, како и да совладаат барем сегмент од оваа чувствителна комуникација со еден од најважните партнери во создавањето на филмот – композиторот.

Кинотека
20:30

ДРУГИ ЛУЃЕ

Александра Терпинска (официјална селекција) 106' 

Урбана драма за Камил, кој живее во мал стан со мајка си и помладата ќерка и сонува да стане рапер. Наместо да си ги среди животот и кариерата, постојано пуши марихуана и талка низ градот и почнува афера со богатата домаќинка Ивона, на која ѝ е здодевно и се чувствува невидливо во својот брак, а заборав и мир наоѓа преку земање огромни дози антидепресиви. Полифонична приказна за изолирани луѓе што сонуваат за љубов во големиот град.

22:30

ДУШЕВНА КУЈНА

Фатих Акин 99'

Сопственикот на ресторан Зинос го следи лоша среќа. Девојка му Надин се сели во Шангај, гостите во ресторанот го бојкотираат новиот готвач и има проблеми со грбот! Нештата тргнуваат на подобро кога модерните гости го прифаќаат новиот кулинарски концепт, но тоа не го лечи скршеното срце на Зинос. Решава да замине во Кина по Надин, оставајќи го ресторанот во рацете на својот несигурен брат, поранешниот затвореник Илијас. Двете одлуки се покажуваат катастрофални: Илијас го прокоцкува ресторанот на матен агент со недвижнини, а Надин си нашла ново момче! Но браќата Зинос и Илијас можеби имаат уште една последна шанса да го вратат „Соул Кичн“ ако престанат да се расправаат и почнат да работат како тим.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Читај повеќе

Почнува Евровизија, преставничката на Израел не излегува од хотелската соба

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе