Презентирани пораки на Јовановски со Заев на рочиштето за „Меѓународен сојуз“

МИА
/ 02.12.2020 / 14:12

Скопје, 2 декември 2020 (МИА) – Освен контактот на градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, и првообвинетиот во случајот ,,Меѓународен сојуз”, Бојан Јовановски, на денешното рочиште се презентираше и What’s App комуникација меѓу обвинетиот Јовановски, актуелниот премиер Зоран Заев, и поранешниот пратеник Александар Кирацовски. Презентираните докази (разговори) според обвинителката Гаврилова, се од 2017 година.

Во една од презентираните пораки кои ги читаше обвинителката, јавноста имаше можност да види како обвинетиот Јовановски, преку порака го контактира премиерот Заев, каде бара да одвои време за една средба.

– Проектот ќе биде од национално значење, ќе бидат вработени 200 луѓе. Замолувам за средба. Отворена е некоја истрага за големи пари, што е тоа?, му пишува обвинетиот Јовановски, на премиерот Зоран Заев, според презентираната порака.

На ова барање премиерот Заев, му одговара дека ќе се видат и дека МВР ќе направи истрага и оти се надева дека се е легално.

Обвинети во судскиот предмет „Меѓународен сојуз” се: Бојан Јовановски – Боки 13, како првообвинет на кого му се суди за кривичните дела Измама и Перење пари, односно за истите дела и се суди и на обвинетата Јасна Ерцеговиќ. Третообвинета е поранешната пратеничка Фросина Ременски и таа се сомничи за кривичното дело Измама. Други обвинети во овој предмет се Христина Блажевска и таткото на првообвинетиот, Миле Јовановски, а кој денес беше отстранет од судница заради попречување на  доказната постапка, како и правното лице ,,Меѓународен сојуз Скопје”.

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more
 

Ново

Во кој случај не треба да земете домашно милениче?

Читај повеќе

Османи за 55-годишнината на МНР зборуваше само за она што било направено во изминатите четири

Читај повеќе

По осми пат ќе се одржи Today It's All About Jazz во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Читај повеќе

Повик за учество на млади поети на „Отскочна даска #3“ во рамките на 4. Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Читај повеќе

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Читај повеќе

Меџити: Ахмети побара спас кај Ромите, Турците, Бошњаците, сега чиста албанска опција за новата влада е само ВРЕДИ

Читај повеќе

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Читај повеќе