Приведени 42 лица барани со потерници во првите четири месеци од годинава

Во првите четири месеци од 2022 година лишени од слобода се 42 лица од страна на Оперативниот тим задолжен за пронаоѓање и лишување од слобода на лица сторители на потешки кривични дела за кои се предвидени казни затвор, лица кои повеќе години биле недостапни на органите на прогонот, како и лица кои избегале од казнено-поправни установи на територијата на државата и лица предмет на потрага на Интерпол.

Како што соопшти МВР, од страна на овој тим се преземаа низа мерки и активности за редовно прибирање сознанија за лица кои се предмет на потраги по наредби добиени од страна на Основен кривичен суд Скопје, Основно јавно обвинителство Скопје, Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје, КПУ Затвор Идризово, КПУ Затвор Скопје – Скопје и др. Во периодот од јануари до април приведените 42 лица имаат за издржување вкупна казна затвор 110 години, 10 месеци и 20 дена и за доиздржување на преостанатиот дел од казната затвор во траење од 84 години, 10 месеци и 14 дена. Реализирани се шест притворски казни или во просек овој Оперативен тим приведе 10,5 лица месечно со просечна казна затвор од двеипол години по лице. Во текот на јануари лишени од слобода се 10 лица и тоа: И.А.(29) од Штип за казна затвор по чл.297, А.К.(30) од Германија, за истрага по член 236, Е.Д.(23) од Скопје, за истрага по чл. 237 и 238, С.Т.(51) од Тетово, за истрага по чл. 247, М.Т.(56) од Скопје, за издржување казна затвор од 2 години по чл.247, В.К.(38) од Скопје, баран за истрага по чл.237, М.Р.(39) од Скопје, за истрага по чл.396, Б.М.(42) од Скопје за издржување казна затвор од 18 месеци по чл.131, О.Ј.(70) од Скопје за казна затвор од една година по чл.300, Д.Е.(29) од Скопје, за издржување на двегодишна казна затвор по чл.236.   Во феруари 2022 од слобода биле лишени 9 лица и тоа: Д.А.(45) од Скопје за издржување казна затвор од 3 години по чл.123, Џ.И.(21) од Белград за издржување затворска казна од 2 години по чл.236, Р.П.(53) од Скопје за издржување на казна затвор од 2 години по чл.378, Е.М.(33) од Штип, осуден на затворска казна од 12 години и 5 месеци, по чл.236, 383 и 394, од кои за доиздржување има уште 5 години, 2 месеца и 7 дена, Н.А.(45) од Скопје за издржување казна затвор од 2 години и 6 месеци по чл.236, Д.И.(53) од Скопје за казна затвор од 4 години и 100 дена по чл.279 и 297, К.К.(31) од Скопје за мерка притвор по чл.247, М.А.(20) од Скопје за притвор поради истражни дејства по чл.247, осуден на затворска казна во времетраење на 2 години, З.З.(62) од Скопје, за издржување казна затвор од 4 години по чл.279. Во март годинава по потерници се лишени од слобода 10 лица, и тоа: И.П.(28) од Скопје, осуден на 5 години затвор по чл.237, од кои за доиздржување има уште 1 година, 5 месеци и 10 дена, Е.К.(37) од Скопје, осуден на затворска казна од 10 години и 4 месеци по чл.238, 386 и 236, од кои за доиздржување има уште 6 години, 9 месеци и 20 дена, Љ.П.(44) од Скопје, осуден на 10 месеци затвор по чл.144, М.Ѓ.(28) од Скопје за издржување мерка притвор по чл.215, Р.И.(53) од Скопје, за издржување на 1 година и 6 месеци затворска казна по чл.300, С.Б.(22) од Гевгелија за издржување на 100 дена затвор по чл.206, Д.Ј.(25) од Гевгелија за издржување казна затвор од 4 години по чл.418-б, М.Е.(61) од Велес за издржување на затворска казна од 14 година, по чл.394 ст.1, чл.316 ст.3, чл. 247 ст.3, чл.259 ст.2, чл.261 ст.3 и чл.396 ст.2 од Кривичниот законик, Ф.П.(29) од Скопје, осуден на казна затвор од 2 години по чл.236, Г.М.(48) од Скопје за издржување казна затвор од 2 години по чл.130.   Во текот на април, пак, приведени се 13 лица по распишани потерници, и тоа: А.Н.(69) од Скопје, осуден на казна затвор од 4 години и 2 месеца по чл.247, од кои се доиздржување има уште 1 година, 7 месеци и 15 дена, А.Ѓ.(28) од Скопје за мерка притвор по чл.123, И.Р.(31) од Скопје за издржување на затворска казна од 3 години по чл.353, М.Д.(60) од Скопје за издржување на половина година затвор по чл.297, А.Г.(37) од Тетово осуден на 3 години и 6 месеци затвор по чл.215 од кои за доиздржување има уште 4 месеци, Б.Д.В.(40) од Скопје за мерка притвор по чл.247, А.А.(32) од Скопје, за издржување на 2 годишна затворска казна по чл.383 и 236, С.Т.(52) од Р.Турција, за издржување затворска казна од 1 година и 4 месеци по чл.236 и мерка притвор по чл.144, Д.С.(34) од Скопје, за издржување на 2 години казна затвор по чл.236, С.Ц.(38) од Германија за издржување на затворска казна од 7 години по чл.237, А.Т.(38) од Битола за 2-годишна казна затвор по чл.131, С.Б.(23) од Скопје за издржување на мерка притвор по чл.288 и 292 и Н.К.(26) од Скопје, осуден на четиримесена затворска казна. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Хроника

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Read more

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Read more

Екстрадиран Бесим Красниќи

Read more

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Read more
 

Вести

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе