СЕРИЈА А 2020/21

Проблеми за Милан пред вечерашното дерби: Донарума и Хауге позитивни

На денот на важната пресметка со Рома, коронавирусот го нападна Милан. Репрезентативниот голман Џиџи Донарума и норвешкото крило Хауге излегоа позитивни и нема да играат.

Лоши вести за Стефано Пиоли. Џанлуиџи Донарума и Јенс Петер Хауге добија позитивни резултати на тестирањето за COVID-19 направено синоќа вечер. Веќе се ставени во самоизолација и дефинитивно отпаднаа од списокот за вечерашното дерби со Рома. Позитивни се уште тројца членови на стручниот штаб, а сите петорица се асимптоматски.

„Милан известува дека лабораториските тестови направени синоќа дадоа позитивен резултат на примероците земени од Џанлуиџи Донарума и Јенс Петер Хауге и тројца други членови на поширокиот тим. Сите се асимптоматски и веднаш се ставени во домашна изолација, а информирани се и локалните здравствени власти. Денеска целиот тим одново беше тестиран, согласно протоколот, и нема нови позитивни“, стои во клупското соопштение.

URL

На место на Донарума вечер помеѓу стативите ќе застане романскиот голман Чиприан Татаришану. Тој во Милан пристигна на почетокот од септември од Лион и вечерва ќе дебитира со црвено-црниот дрес.

Левиот крилен офанзивец Хауге на 1 октомври му се приклучи на Милан од норвепки Боде/Глимт и досега настапи на 1 натпревар во Серија А и 4 во Лига Европа од кои 3 во квалификациите.

Милан ја пречекува Рома на „Џузепе Меаца“ вечерва од 20:45 часот во обид да ја продолжи перфектната серија сезонава. „Росонерите“ се единствени со максимален ефект и без разлика на резултатот вечерва и по 5 кола ќе останат на првото место.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе