Продолжува битката со несовесните возачи: Пајакот дигнал 172 возила

Во последните седум дена (23-29 јули) пајак службата отстранила вкупно 172 возила непрописно паркирани на јавни површини во главниот град.

Фото: Град Скопје

Од нив, дури 152 биле подигнати по пријава од граѓани или санкција од сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци како паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина или спротивно на сообраќајните знаци.

Останатите 20 возила биле отстранети од зонските паркиралишта поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето. Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале и други 299 возила поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга.

„Градот Скопје и јавното претпријатие Градски паркинг апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб-картичка“, порачуваат од Град Скопје.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Хроника

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Read more

Издадени наредби за утврдување на причините за смртта на бебето од Вевчани

Read more

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Read more

Со четирицикл излетале во провалија на Шар Планина

Read more
 

Вести

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе