1.МФЛ 2021/22

Промаши пенал, па си даде автогол: Станковски му пресуди на својот Работнички

Големо изненадување се случи на воведниот натпревар од 10. коло во македонската Прва Лига во кој Работнички дома загуби од Скопје.

Главниот протагонист Марио Станковски; Фото: ФК Работнички

„Романтичарите“ пропуштија колосална шанса со три бода да се доближат до врвот, а воедно и важеа за голем фаворит на натпреварот со кандидатот за испаѓање - Скопје.

Работнички беше подобар со топката, но не искористи ниту една шанса, а промаши и удар од белата точка.

Огромна шанса да го отвори резултатот во 11. минута имаше Дејан Тантуровски кога на асистенција на Марио Станковски успеа некако да го промаши целиот гол на Скопје, кој патем беше празен.

Потоа во 30. минута Работнички доби пенал, но голманот Андреја Ефремов го одбрани ударот на Станковски.

Казната за домаќините стигна десетна минути после паузата кога Станковски, згора на промашениот пенал, си постигна автогол по еден корнер на гостите.

Да биде работата уште потешка за тимот од Градски парк се погрижи невнимателниот Бојан Илиевски кој во 65. минута доби втор жолт картон и ги остави соиграчите со десетмина да бркаат негатива.

Скопје можеше да ја завери победата кога во 85. минута доби пенал по фаулот направен од Тантуровски над Ален Јашароски, но овој пат домашниот голман Бурхан Мустафа го прочита и одбрани ударот на Иво Јанакиевски.

Работнички останува на 15 бодови, додека Скопје сега има 12. Позициите на двата тима на табелата се подложни на промени бидејќи утре на програмата се останатите пет натпревари од ова коло, кое е поместено поради локалните избори в недела, по што и ќе се добие конечната табела за 10. коло.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе