Путин издаде нови наредби

Претседателот на Русија, Владимир Путин, реагираше на ударите на територијата на Русија кои дојдоа од Украина и ѝ нареди на својата армија да одговори на тие напади како приоритет.

Путин ова го изјави за време на владиниот состанок за реконструкција на уништените станбени згради и инфраструктура во регионите на југозападна Русија.

„Се разбира, приоритетна задача е да се елиминира самата можност за гранатирање, но тоа е работа на воениот оддел“, рече Путин.

Тој додаде дека руските региони Белгород, Брјанск и Курск, како и Крим, кој Русија го зазеде од Украина и го анектираше во 2014 година, се области каде станбени згради беа оштетени или уништени.

„Многу луѓе се најдоа во тешка ситуација, ги загубија своите домови, беа принудени да се преселат кај роднини или во привремени места на живеење, се соочија со прекини во снабдувањето со вода, греење и струја“, рече тој.

Иако Украина не ја презеде одговорноста за нападите, таа ги опиша како карма за руската инвазија. Во нападите во јужна Русија најмногу беа вклучени воени цели како што се електрични трафостаници и складишта за оружје и гориво.

Кремљ соопшти дека ракетите со подолг дострел, наводно вклучени во претстојниот пакет американска воена помош за Украина, ќе го ескалира конфликтот, но нема да го сменат неговиот курс.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, исто така изјави за новинарите дека нема планови за разговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден.

Пакетот за воена помош од 2,2 милијарди американски долари се очекува за прв пат да вклучи ракети со поголем дострел, изјавија во вторникот за Reuters двајца американски претставници запознаени со ова прашање. Ваквите проектили ќе ѝ овозможат на Украина, која рече дека планира повторно да ја заземе целата нејзина територија со сила, вклучително и анектираниот Крим, да удри подлабоко во територијата што ја контролира Русија.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе