Иако станува збор за промотивно видео сепак трката меѓу овие две импресивни технолошки чуда е можност да се види споредбата на нивните перформанси.
Во чест на соработката меѓу QANTAS и Tesla Motors снимено е видео со трка меѓу QANTAS Boeing 737-800 и Tesla Model S P90D на 3 километри на писта во Мелбурн.
И додека електричниот автомобил може да достигне брзина од 0 до 100 километри на час за 3 секунди, изгледа дека авионот е победникот во трката со оглед на тоа што полетува од пистата (нешто што засега Tesla не може да го направи).