1.МФЛ 2022/2023

Работнички гневен на лошото судење против Академија Пандев

„Скандалозно судење на Димитар Пилешков!“ вака почнува јавната реакција на фудбалскот клуб од скопската населба Дебар Маало кој синоќа прими петарда на домашен терен, но и на двапати беше оштетен за пенал од главниот суддија.

Фото: ФК Работнички Скопје

За само две минути во првиот дел, кога резултатот беше 0:2 за Академија Пандев, Работнички беше оштетен за удар од белата точка. Прво во 38. минута судијата Димитар Пилешков од нејасни причини, иако беше веднаш до случката со одличен поглед, не покажа пенал кога топката удри во раката на гостински играч, која патем беше во неприродна положба. Во наредната минута повторно остана нем кога Филип Бошковски беше соборен во гостинскиот шетнаесетник.

За да не биде причина само мислењето на Работнички, можеби и пристрасно, дека навистина овој клуб бил отшетен потврди и судиската анализа на ФФМ, објавена денес.

„Погрешна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, иако беше многу добро поставен. Во оваа ситуација требаше да се досуди удар од 11 метри за екипата на Работнички“, стои во анализата на ФФМ, исто објаснување за двете спорни ситуации.

По овие две спорни ситуации Академија Пандев постигна и трет гол, а на крајот натпреварот го доби со високи 5:0.

„Фудбалскиот клуб Работнички изразува огромно незадоволство од катастрофалното судење на главниот судија Димитар Пилешков, кој драстично го оштети нашиот тим на вчерашниот првенствен натпревар против Академија Пандев. Тој не досуди два очигледни пенали за Работнички во првото полувреме и на тој начин директно влијаеше на крајниот резултат на мечот.

ФК Работнички жестоко реагира на скандалозната арбитража на Димитар Пилешков и бара од Фудбалската федерација на Македонија да поведе постапка против судијата, но и да го заштити интегритетот на натпреварувањето.

Фудбалскиот клуб Работнички не сака и не смее да биде заложник на поединци, а не сака воопшто да верува дека сето ова има и поголема смислена позадина, и бара од ФФМ максимална заштита од судиски кадри кои не се кадарни и достојни да бидат дел од прволигашката елита.

Нема да дозволиме никој да си игра со реномето на ФК Работнички и со скандалозни судиски одлуки и грешки да го уништува сето она она што клубот го градел со децении инвестирајќи во генерации фудбалски имиња како и инвестирајќи во иднината на македонскиот фудбал“, стои во соопштението ан Работнички.

Катастрофалното судење на штипскиот судија имаше можност да го види целокупната фудбалска и спортска јавност преку ТВ преносот од натпреварот кој одеше на МРТ, но и на Arena.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе