ИХФ СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ЕГИПЕТ 2021

Ракометарите фаќаат лет за Египет, Чешка се откажа

Добри вести стигнаа попладнево од Меѓународната ракометна федерација која испразнетото место на Мундијалот во Египет ѝ го додели на Македонија.

Повеќе резпрезентации последниве денови пријавија позитивни резултати на тестовите за COVID-19, а иако првично сите беа упорни дека ќе патуваат на Мундијалот, макар и со крпен состав, сепак денеска попушти Чешка.

Чесите ја известиле ИХФ дека не се во можност да состават тим и мораат да го откажат својот настап. Уште претходно ИХФ состави листа на репрезентации кои како резерви ќе чекаат некој да откаже за да влетаат на светскиот собир, а токму на таа листа прва резерна е Македонија.

„Поради неколку позитивни резултати на задолжителните COVID-19 тестирања пред тргнувањето за Египет, Чешка официјално нѐ извести дека го повлекува настапот на 27. ИХФ машки Мундијал, кој ќе се одржи од 13 до 31 јануари 2021 во Египет. Првата замена Северна Македонија е веќе поканета да настапи“, извести ИХФ.

Напшата репрезентација ќе го заземе местото на Чешка во интересната група Г каде се домаќинот Египет, Шведска и Чиле. Првите три од секоја група продолжуваат понатаму.

Македонија изминатиов период се подготвуваше како да ќе игра на Мундијалот со оглед на тоа дека шансите за вакво сценарио беа големи, и на крајот се покажа правилна одлуката репрезентацијата да биде на готовс.

Првиот натпревар на Македонија е в четврток во 20:30 часот против Шведска во Каиро. На 16-ти играме со Египет од 18 часот, а на 18-ти со Чиле од 15:30.

Пренос од Мундијалот ќе врши МРТ.

Македонија не доби шанса да се бори за пласман на Мундијалот бидејќи ИХФ ги откажа баражите. Судбината сепак реши нашите ракометари по петти пат во низа да играат на мундијалите, а вкупно ова ќе биде наш седми настап.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Ракомет

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Read more

Жрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир

Read more

Лазаров за дебаклот од Фарските Острови: Беа подобри, заслужено победија

Read more

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе