Раст на светските берзи, се очекува намалување на каматите

Глобалните берзи пораснаа минатата недела, враќајќи ги загубите од претходната недела, бидејќи инвеститорите се надеваат дека централните банки наскоро ќе почнат да ги намалуваат каматните стапки. На Волстрит, Dow Jones минатата недела зајакна 0,3 отсто, на 37.592 поени, додека S&P 500 порасна за 1,8 отсто, на 4.783 поени, а индексот Nasdaq за 3,1 отсто, на 14.972 поени.

Движењата на индексите на најголемата светска берза веќе долго време зависат од шпекулациите за тоа кога американската централна банка ќе почне да ги намалува каматните стапки. На крајот на минатата година, цените на акциите силно се зголемија бидејќи инвеститорите се надеваа на агресивно намалување на стапката од страна на ФЕД оваа година, почнувајќи од март.

Повисока стапка на инфлација од очекуваното

Сепак, на почетокот на оваа година ваквите шпекулации стивнаа. Кон средината на минатата недела беше објавено дека потрошувачките цени во САД во декември се зголемени за 0,3 отсто на месечно ниво, додека зајакнале за 3,4 отсто на годишно ниво.

Станува збор за повисока стапка на инфлација од очекуваната, бидејќи аналитичарите проценуваа дека цените ќе пораснат за 0,2 отсто на месечно ниво и 3,2 отсто на годишно ниво. Поради ова, оптимизмот за намалување на каматните стапки од страна на ФЕД стивна.

Сепак, во петокот беше објавено дека во декември продажните цени неочекувано паднале за 0,1 отсто на месечно ниво, додека пораснале за 1 отсто на годишно ниво. Тоа ги обнови шпекулациите дека ФЕД ќе започне со намалување на каматните стапки веќе во март, иако претставници на ФЕД велат дека се уште е рано за намалувања бидејќи инфлацијата и понатаму е висока.

Сезона за објавување на кварталните деловни резултати на компаниите

„Пазарот се обидува да процени што да очекува во 2024 година во однос на каматните стапки и корпоративната заработка, и дали тоа може да го оправда силен раст на цените на акциите во ноември и декември“, рече Сем Стовал, стратег во CFRA Research.

Кон крајот на неделата започна сезоната на објавување на квартални деловни резултати на компаниите, што значително ќе влијае на насоката на пазарот во наредните недели. И на повеќето европски берзи цените на акциите пораснаа минатата недела. Додуша, лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,8 отсто, на 7.624 поени, но франкфуртски DAX порасна за 0,7 отсто, на 16.704 поени, а париски CAC 0,6 отсто, на 7.465 поени.

Пазарот го поддржа и изјавата на претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, дека најлошото од инфлацијата веројатно помина и дека каматните стапки ќе се намалат доколку инфлацијата падне на ниво од 2 отсто.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе