СЕРИЈА А 2020/21

Расте бројот на позитивни во Интер: Одложен дуелот со Сасуоло

Уште двајца играчи на „Нераѕурите“ се позитивни на COVID-19 по што клубот ги прекина сите активности, а Лега Калчо го одложи нивниот саботен натпревар.

По латералниот бек Данило Д'Амброзио и голманот Самир Хандановиќ, денеска се појавија уште двајца играчи заразени со коронавирусот. Се работи за Уругваецот Матијас Весино и Холанѓанецот Стефан де Врај.

Целиот тим заминува во четиридневен карантин, а в понеделник ќе бидат направени нови тестови на целата екипа.

Со оглед на тоа што следува интернационална пауза, а Интер има многу репрезенттаивци, никој нема да може да им ѝ се приклучи на својата репрезентација.

Воедно, откако Интер ја информираше Серија А за новонастанатата ситуација, Лега Калчо одлучи да го одложи натпреварот Интер - Сасуоло закажан за в сабота од 20:45 часот во Милано како превентива со оглед на тоа што расте бројот на заразени во тимот.

Засега не се знае кога ќе се одигра овој натпревар, а италијанските медиуми шпекулираат дека тоа би можело да се случи веќе на 7 април. Ниту Интер ниту Сасуоло немаат други обврски освен натпреварите во лигата, така да нема да биде проблем да се најде простор во календарот.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе