Реал Мадрид објави мистериозно видео и ги збуни сите

Навивачите за момент паднаа во еуфорија, но набрзо стигна големо разочарување.

Кралскиот клуб објави видео во кое во центарот на „Сантјаго Бернабеу“ се поставени маса и стол за презентација. На масата седи непознато лице, кое го отвора календарот на лаптопот и пишува нешто во него. Видеото завршува со црн екран и натпис: „02.02.2024“.

URL

Секако, веднаш дојде до еуфорија на социјалните мрежи. Всушност, сите мислеа дека Флорентио Перес го довел Килјан Мбапе за да го направи Реал повторно мега тим. Сепак, за да избегне какви било шпекулации, Реал објасни за што се работи.

„Ништо од Мбапе. Реал на 2 февруари ќе објави нова голема соработка со еден спонзор, HP. Познатата компанија ќе го има своето лого на ракавите на дресот на Реал, кој станува најскап во светот“, објави Marca.

URL

Реал добива 120 милиони евра годишно од Adidas, а уште 70 милиони плаќа Emirates, кој е главен спонзор на дресот. HP наводно ќе плаќа околу 10 милиони евра годишно за своето лого на дресот. Реал на тој начин ќе заработува околу 200 милиони евра по сезона од сите спонзорски договори поврзани со дресот, во кои не е вклучена заработката од продажбата на дресови.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе