Рецепт на денот: Пилешки шпагети карбонара

Најпознатите шпагети на светот збогатете ги со бело месо и ќе бидат уште повкусни. Ова е класично италианско јадење, едно од најпопуларните на Чизмата.

Кога ќе се спомене италијанската кујна, карбонарата не може да се изостави. Познатото јадење се прави од шпагети или таљатели, јајца, гуанчале (guanciale, вид сланина) и пармезан. На крајот се посипува со бибер. Екстремно висококалоричното и вкусно јадење лесно се прави, а го сакаат не само Италијанците, туку и целиот свет.

Постојат различни рецепти, но само еден начин е оригинален, а прочитајте како ги прави италијанскиот готвач Џенаро Конталдо. Кулинарските историчари сметаат дека карбонарата (carbonara) е римско јадење, додека други го поврзуваат со регионот на Умбрија, односно велат дека тоа било омилено јадење на умбриските рудари (зборот carbone значи јаглен). Некои се убедени дека рецептот го измислил Иполито Кавалканти, војводата од Буонвичино (1787-1859), готвач и писател со сина крв, потомок на славниот поет и другар на Данте, легендарниот Гуидо Кавалканти. Книгата „Cucina teorico-pratica“ (Теоретско и практично кулинарство) за прв пат ја објавил Кавалканти во Неапол во 1837 година, а две години подоцна било објавено ажурирано издание. Оваа богата колекција на кулинарски рецепти содржи објаснувања за подготовката на многу јадења познати од XIX век, но има и рецепт многу сличен на оној за карбонара, иако нема официјална потврда дека тој ја измислил. Има уште многу легенди кои објаснуваат како настанала карбонарата, но точен извор не постои. Како и да е создаден, одличен е и лесен за подготовка. Збогатете го со бело месо и направете ново јадење кое ќе им се допадне на сите.

Потребни состојки:

  • 2 јајца (собна температура)
  • ½ чаша пармезан
  • 2 лажици маслиново масло
  • 150 гр сланина
  • 2 чешниња лук
  • 1 парче пилешки гради без коски и кожа
  • 230 гр шпагети

Подготовка:

Оставете ја водата да зоврие и посолете. Кога ќе зоврие додадете ги шпагетите и варете ал денте (да не бидат целосно меки, обично на секое пакување пишува колку време е потребно за al dente). Во помал сад изматете ги јајцата, пармезанот и 1 лажичка бибер. Сето тоа оставете го на страна. Во тава пропржете ја сечканата сланина додека не стане крцкава, а потоа додадете го мелениот лук и пропржете уште една минута-две со често мешање. Извадете ја сланината и кромидот од тавата, а по потреба додадете уште една лажица масло. Пилешкото исечкано на коцки пропржете го со сол и бибер. Извадете го белото месо од тавата и додајте го во садот со сланината и кромидот. Ставете ги шпагетите во тавата во која сè сте испржиле, а во изматените јајца додадете 2 лажици од водата во која се варени шпагетите и соединете. Истурете ги јајцата во шпагетите и измешајте. По потреба додадете уште малку од истата вода во која ги сваривте шпагетите. Нека се вари само околу 2-3 минути, бидејќи јајцата не треба да се стегнат. Додадете го пилешкото и сланината и промешајте. На прајот украсете со пармеазан, па послужете.

Remote video URL
реклама

Рецепти

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Read more

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more

Ловечки шницли на руски начин

Read more

Трик за брзо и лесно лупење лук

Read more
 

Магазин

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе