Рецепт од Србија: Сарма полнета со коленица

Сармата е едно од најомилените балкански јадења, а кај нашиот северен сосед имаат и рецепт со друг вид на полнење - посолено, побогато и, како што самите Срби велат, совршено.

Сармата од кисела зелка е неизбежна за време на зимските месеци, а особено за некој посен празник, слава или именден. Сармата на балканот одамна станала култно јадење, а секој народ на овие простори има своја тајна за подготовка на овој зимски деликатес. Воглавно киселата зелка се полни со мелено месо и ориз, но денеска го претставуваме овој необичен рецепт со полнење од месо од коленица. Дефинитивно ќе ви се допадне.

Потребни состојки:

  • 1 главица кисела зелка
  • 700 гр сува коленица
  • ловоров лист

Подготовка:

Месото измијте го, па ставете го во тава и прелијте го со вода. Гответе додека не почне да се распаѓа, па извадете го и оставете го да се излади. Листовите кисела зелка потопете ги во вода околу 15 минути. Потоа извадете му ја кожата на месото и одвојте го од коските, па исечете го на крупни парчиња. На секој крај од листовите ставете 2-3 парчиња месо и стандардно виткајте ги сармите. Наредете ги во тавче, па ставете ловоров лист и турете од водата во која се готвеше месото. Ставете и тенко исечкана сланина. Оставете да се крчка околу 3 часа на тивок оган, или додека течноста не испари.

реклама

Рецепти

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Read more

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more

Ловечки шницли на руски начин

Read more

Трик за брзо и лесно лупење лук

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе