Рецепт што треба да го правите најмалку еднаш неделно: Омлет со тиквички

Јајцата се евтин извор на протеини кои обезбедуваат раст и развој на сите телесни ткива. Треба да ги јадеме почесто, без оглед на количината на холестерол во овие „протеински бомби“.

Тешко е да се најде храна што има таква кулинарска флексибилност како јајцето. Може да се подготви на различни начини и е неизбежна состојка во разни колачи, тестенини, кремови за торти...

100 грама јајца содржат околу 150 калории, па во зависност од начинот на подготовка, можеме да го наречеме јајцето диетална храна.

Белката сочинува две третини од јајцето  - таа е нискокалорична и содржи приближно 50 калории на сто грама, додека жолчката е примарен извор на маснотии (околу 350 калории на 100 грама).

Одличен извор на протеини

Јајцето е одличен извор на протеини - 100 грама содржат околу 13 проценти од оваа важна супстанца што го гради целото тело и е неопходна за градење на мускулите. Во исто време, таа е единствената природна храна што ја задржува целата своја хранлива вредност со готвење во лушпа. Покрај тоа, јајцата се одличен извор на фосфор, селен и витамини А, Б12 и Д.

Не треба да се заборави дека јајцата се богати со антиоксидансот лутеин, кој спречува дегенерација на видот.

Токму затоа ви го препорачуваме овој рецепт за омлет со тиквички кој треба да се најде на вашето мени барем еднаш неделно, идеално за појадок.

Потребни состојки:

- 2 јајца

- 1/2 тиквичка

- 1/2 мала главица црвен кромид

- 4 тенки парчиња сирење

- Малку пармезан

- маслиново масло

- сол, бибер

Подготовка:

Ситно сечканиот црвен кромид пропржете го на маслиново масло, а потоа додадете ги тиквичките исечени на тенки кругови. Пржете додека зеленчукот не омекне малку, додадете сол и бибер и тргнете го тавчето од шпоретот.

Изматете ги двете јајца, но не премногу, додајте сол, па префрлете ги во загреана тава подмачкана со маслиново масло.

Брзо распоредете ги тиквичките и кромидот врз јајцата, а потоа наредете ги парчињата сирење. Покријте ја тавата и пржете додека не биде готов омлетот

Посипете го омлетот со пармезан.

Добар апетит!

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Read more

Рецепти

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Read more

Рецепт за најдобрата Цезар салата со сардини

Read more

Пикантни свински медалјони готови за 20 минути

Read more

Рецепт на денот: Ролат со спанаќ и лосос

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Читај повеќе
  • play_arrow

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Читај повеќе

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Читај повеќе

Алармантен број млади луѓе заболуваат од три типа на рак

Читај повеќе

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Читај повеќе

Што се случува во телото кога јадете јагоди?

Читај повеќе

Нефролог откри која храна е најдобра за здравјето на бубрезите

Читај повеќе

5 знаци дека сте во токсична врска со себе

Читај повеќе